smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 01.01.2023

Инаугурација на новиот претседател на Бразил

SlobodnaEvropa.mk 

Левичарската икона Луис Ињасио Лула да Силва денеска и официјално повторно ќе стане претседател на Бразил по инаугурацијата што ја бојкотира шефот на државата во заминување Жаир Болсонаро, а организирана со засилени безбедносни мерки поради заканата од екстремната десница. Седумдесет и седумгодишниот Лула ќе биде повторно прогласен за претседател на водечката латиноамериканска сила по двата мандати од 2003 до 2010 година и ќе го означи враќањето на левицата во претседателската палата Планалто. Околу шест часа пред инаугурацијата... Читать дальше...

Во Скопје скромно, во светот спектакуларни огномети и прослави за новогодишната ноќ

SlobodnaEvropa.mk 

Мирна новогодишна вечер, без многу работа за полицијата и лекарите. Македонските граѓани ја дочекаа новата 2023 година, некои во домашна атмосфера, други во угостителските објекти, а некои и покрај високата концентрација на отровните честички во воздухот, сепак славеа на градскиот плоштад во Скопје.

Курти бара поголемо присуство на НАТО во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти бара зголемување на бројот на војници и на опрема на воената мисија на НАТО во Косово, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за германски „Ди Велт“ кое денеска го пренесуваат приштинските медиуми, Курти вели дека зголеменото присуство на НАТО во Косово ќе придонесе за зачувување на мирот, не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан. „Зголемување на бројот на војници во мировните сили на НАТО, КФОР, би претставувало значајна поддршка на нашите заложби од одбранбен аспект,“ изјави Курти. Читать дальше...

Севернокорејскиот лидер повика на зголемување на нуклеарниот арсенал

SlobodnaEvropa.mk 

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на „експоненцијално“ зголемување на нуклеарниот арсенал на Северна Кореја. Тој рече дека одговара на „загрижувачките воени потези на Соединетите Држави и другите непријателски сили“. Ким Џонг Ун на состанокот на владејачката Работничка партија изјави дека има потреба од „огромна воена моќ“ за одбрана на националниот интерес од заканите од земји како Јужна Кореја и САД. Јужна Кореја со предупредувачки истрели по навлегување на севернокорејски авиони... Читать дальше...

Мирна новогодишна ноќ, 30 проценти помалку пријави од лани

SlobodnaEvropa.mk 

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при денешната посета на Мобилната единица за безбедност на сообраќај на патиштата во Петровец. Тој посочи дека во споредба со минатата новогодишна ноќ, во ноќта што измина имало помалку 30 проценти пријавени настани. „Во текот на ноќта, имавме вкупно 10 кривични дела, од кои четири се тешки кражби, една во обид. Имавме две насилства и две неовластени производство и пуштање во промет наркотични дроги... Читать дальше...

Поради претовареност потона сплав во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Белградскиот сплав Фристајлер на кој имало организиран дочек на Новата Година потона до половина, а неколкумина биле полесно повредени. Сведок за  ТВ Прва изјавил дека инцидентот се случил 10-на минути по полноќ кога поголем број на гостите биле на задната палуба по што сплавот попуштил под тежината и почнал да се навалува и тоне. Забавата се претворила во панично бегство од сплавот во моментот кога водата почнала да навлегува во внатрешноста на објектот.  Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ... Читать дальше...

Сто интервенции на итната помош, најмногу за алкохолизирани лица

SlobodnaEvropa.mk 

Теренската Служба за итна медицинска помош во Скопје во изминатото деноноќе имала 100 интервенци, од кои 40 од прв степен на итност, а имало и многу јавувања од родители како да постапуваат со децата кои им биле во алкохолизирана состојба, изјави за МИА, Милица Бубало, раководителка на Службата за итна помош. Околу 20 интервенции на итната помош биле за алкохолизирани лица, четири до пет за лица од физички пресметки биле пренесени во некои од ургентните центри, а се интервенирало и за шест сообраќајки. Читать дальше...

Задолжителна примена на системот за управување со предмети во обвинителствата

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за правда информира дека од денеска задолжително ќе се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства. „МП во координација со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде сите неопходни активности за обезбедување на целосна и непречена задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства почнувајќи од 1 јануари 2023 година“, соопшти Министерството за правда. Системот, појаснуваат оттаму, претставува основна... Читать дальше...



Новогодишната вечер донесе четири бебиња

SlobodnaEvropa.mk 

Четири бебиња се родиле во тек на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Првото бебе е машко и се родило една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња. Министерот за здравство Беким Сали кој заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ги посети бебињата се надева дека целата година, како што рече, ќе ни биде здрава. Се заблагодари и за ангажманот на здравствените работници кои дале се од себе... Читать дальше...

Експлозија на воениот аеродром во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку лица загинале, а многумина се ранети во експлозија што утрово се случи на воениот аеродром во Кабул, изјави за Франс прес портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Абдул Нафи Такор. „Во експлозијата загинаа и ранети се голем број наши сонародници“, рече Такор, кој не даде повеќе детали. Тој рече дека случајот се истражува. Воениот аеродром во Кабул се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром и зградата на Министерството за внатрешни работи. Иако Талибанците... Читать дальше...

Хрватска влезе во Шенген, од денеска се купува со евра

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватска од денеска е членка на Шенген зоната и официјално почнува да го употребува еврото наместо досегашната национална валута - куна. Со влегувањето на Хрватска во најголемата безгранична област во светот, граничните контроли на сите нејзини граници со земјите од ЕУ се укинуваат, додека границите со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора стануваат надворешни граници на ЕУ. За граѓаните од соседните земји кои не се во ЕУ (Србија, Македонија, БиХ, Црна Гора), влезот на Хрватска во Шенген не... Читать дальше...

Нацоски - Само со продукција секој ден, театрите ќе си ги покријат долговите

SlobodnaEvropa.mk 

Културните институции минусите на сметката може да ги покријат со повеќе настапи, барем шест дена во неделата. Не можам да замислам дека во Операта понекогаш имаме два-три настана во месецот. Тоа не е добро за уметниците, за оркестарот, за хорот, за балетот. Тоа е како да земете еден фудбалски тим и еден недела да нема тренинзи, се разбира дека нема добро да го одигра натпреварот, вели тенорот Благој Нацоски.

Нацоски - Уметноста е зависна од државата

SlobodnaEvropa.mk 

Оние што ја водат државата и културата, на глобално ниво, треба да разберат дека колку повеќе инвестираат во културата, односно во младите коишто се доближуваат до културата, инвестираат во иднината на земјата и во подобрување на општеството, вели тенорот Благој Нацоски.

Денеска сончево со мала облачност, во котлините магла

SlobodnaEvropa.mk 

Во најголем дел од земјава времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени. Во... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *