smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 04.01.2023

Босански ветерани бараат забрана за одбележување на Денот на Република Српска на 9 јануари

SlobodnaEvropa.mk 

Ветераните и невладините организации, како и Здружението на жртвите од војната во Сараево денеска јавно побараа забрана за одбележување на Денот на Република Српска на 9 јануари. Тие на прес конференција побараа полицијата да постави контролни пунктови меѓу Кантонот Сараево и ентитетот Република Српска во периодот од 7 до 10 јануари. Тие бараат полицијата да контролира и „сомнителни возила“ и да ги одземе знаците кои ја нарушуваат безбедноста, внесуваат немир и недоверба кај граѓаните на Сараево. Читать дальше...

Птичји грип причина за уништување на 750 илјади кокошки во Чешка

SlobodnaEvropa.mk 

Чешките власти ќе ги уништат сите 750.000 кокошки на една живинарска фарма поради најлошата епидемија на птичји грип досега. Птичјиот грип првпат беше откриен минатата недела на фармата, лоцирана на 150 километри западно од Прага, а властите во вторникот започнаа со подготовки за уништување до 220.000 птици, јавува новинската агенција Ројтерс. Чешката државна ветеринарна управа соопшти дека дополнителното ширење на фармата ја навело да одлучи да ги уништи сите птици таму. „И покрај преземените мерки и другите напори... Читать дальше...

Неуспешен обид за формирање нова влада на Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентарното мнозинство на прорускиот Демократски фронт, Демократите и движењето УРА на Дритан Абазовиќ не постигнаа договор за формирање на нова влада на чело со пратеникот Миодраг Лекиќ. По средбата на претставниците на парламентарното мнозинство на 4 јануари, Лекиќ најави дека нема да има нова влада. „Реков дека владата ќе биде сериозна или нема. Нема да има, а граѓаните нека протолкуваат кој бил сериозен“, рече Лекиќ по средбата на која се разговараше за  составот на идната влада и датумот... Читать дальше...

Ослободена со кауција иранска позната глумица

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот суд ослободил од притвор истакната актерка по речиси три недели откако беше затворена. Таа беше приведена затоа што изразила солидарност со маж кој беше погубен поради немири поврзани со антивладините протести. Станува збор за Таране Алидости, 38-годишната ѕвезда на оскаровецот „Продавач“ на Асгар Фархади. Таа беше пуштена на слобода со кауција. Информацијата за нејзиното ослободување ја објави нејзината мајка на социјанта мрежа Инстаграм. Алидости им се придружи на неколку ирански... Читать дальше...

Уапсен бугарски полицаец за криумчарење мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно 56 мигранти и двајца возачи од кои еден е полицаец беа денеска приведени во бугарскиот град Пловдив. Полицијата соопшти дека на автопатот „Тракија“ бил сопрен сомнителен минибус кој превезувал патници. Откако возилото било запрено, во него била пронајдена група од 25 млади момчиња без лични документи. Се пријавиле како државјани на Авганистан, а уапсен е и возач од Харманли. Во слична акција на полицијата бил запрен друг автобус што се движел кон Софија и по претрес, биле пронајдени 31 мигрант... Читать дальше...

Поранешниот министер и советник на Заев, Ташкович и бизнисменот Гуштеров дел од добитниците на МКарта

SlobodnaEvropa.mk 

Покрај научниците, лекарите и уметниците кои се добитници на МКарта, на списокот од 69 македонски државјани кои живеат во дијаспора се најдоа и имињата на бизнисмени и поранешни функционери. На списокот кој го добиле дел од медиумите, за успешен во дијаспората е наведен поранешниот министер за странски инвестиции во една од Владите на Никола Груевски, Глигор Ташкович. Тој подоцна како дел од кабинетот на поранешниот премиер Зоран Заев, беше избран за меѓународен член на Комитетот при Фондот за иновации и технолошки развој. Читать дальше...

Руски и белоруски државјани обвинети за шпионажа во Полска

SlobodnaEvropa.mk 

Полското Обвинителство покрена обвиненија против двајца мажи поради сомнеж дека шпионирале за руското воено разузнавање. Обвинети се еден државјанин на Белорусија и еден државјанин на Русија дека работеле за ГРУ руско воено разузнавање.  Двајцата мажи, чии идентитети не беа откриени, се уапсени во април поради наводно собирање доверливи податоци поврзани со полската војска. Доколку судот им пресуди дека се виновни двајцата обвинети се соочуваат со можна казна затвор до 15 години.  Според обвинението... Читать дальше...

Путин испратил во Атлантски океан фрегата со нови хиперсонични крстосувачки ракети

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека испратил фрегата во Атлантскиот Океан вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети Циркон. На видео-конференција со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и Игор Крохмал, командант на фрегата по име „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков“, Путин рече дека бродот е вооружен со хиперсонично оружје Циркон. Кои се американските цели за руските ракети? „Овој пат бродот е опремен со најновиот хиперсоничен ракетен систем – „Циркон“, рече Путин. Читать дальше...



Германија: одлуките на ЕУ не треба да бидат блокирани од поединечни земји

SlobodnaEvropa.mk 

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека Европската унија повеќе не може да си дозволи да ги блокираат одлуките од страна на одделни земји-членки. „Гласањето со квалификувано мнозинство може да доведе до поправедни резултати за сите нас“, рече Бербок на конференција во главниот град на Португалија, Лисабон, додавајќи: „Мора да бидеме способни да дејствуваме ефикасно и брзо“. Што би значело укинувањето на ветото во ЕУ за македонските евроинтеграции Таа наведе... Читать дальше...

Џебот се испразни, нè чека тешка година

SlobodnaEvropa.mk 

Минатата година високата инфлација, разгорена од растот на цените на храната и енергијата, го испразни џебот на граѓаните. Годинава, институциите предвидуваат забавување на инфлацијата и се прогнозира да достигне 8 - 9 %. Но очекувањата за подобрување на животниот стандард не се воопшто розови.

Милијардерот и кандидат за претседател на Чешка Бабиш на суд за измама

SlobodnaEvropa.mk 

Милијардерот и поранешен чешки премиер Андреј Бабиш денеска е на суд за да се брани против обвиненијата за измама за субвенција од два милиони евра во средата, неколку дена пред почетокот на претседателските избори на кои тој е фаворит. Бабиш беше доминантна сила во чешката политика во изминатата деценија, прво како моќен министер за финансии, а подоцна и како премиер, пред опозициските партии да го соборат на изборите во 2021 година и покрај тоа што неговата партија АНО освои најмногу места во парламентот. Читать дальше...

Војниците на НАТО ги отстранија последните српски барикади на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

КФОР соопшти дека ги отстранила возилата кои останаа на патиштата по декемвриските блокади на северот на Косово. Барикадите што ги подигнаа локалните Срби во знак на протест против апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ беа отстранети на 29 декември.

Анкара најави поевтини хипотеки за Турците со среден приход

SlobodnaEvropa.mk 

Хипотеки со пониски стапки и подолги рокови ќе им бидат понудени на Турците со средни приходи кои сакаат да купат нови станови, изјави денеска турскиот министер за финансии Нуредин Небати. Тој рече дека хипотекарните заеми со износ до 5 милиони лири (266.823 долари), ќе имаат рок на доспевање до 15 години и стапки ќе почнуваат од 0,69%. „Подготвивме „програма за мојот нов дом“ за граѓани со среден приход со поволни стапки, тригодишна поддршка од Министерството за финансии во плаќањата и план за плаќање врз основа на приходите на домаќинствата“... Читать дальше...

Мојсова-Мијовска: Луѓето се повеќе ја разбираат важноста на дарувањето органи

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите три години во Македонија беа направени успешни трансплантации на срце, коскени ткива и црн дроб. Во 2023 година се планира да се изврши трансплантација на очни ткива. Во разговор за РСЕ, доктор Маја Мојсова-Мијовска, национален координатор за трансплантации на органи и ткива, вели дека свеста за важноста на органодарителството е зголемена, а чинот на дарување го опишува како најблагороден и најхуман.

Фотографии од еден исчезнат свет

SlobodnaEvropa.mk 

Како технологијата и геополитиката пред еден век го трансформираа општеството? За тоа зборуваат фотографиите кои неодамна ги стави на располагање еден француски музеј.

Тајван ќе им даде кеш на сите граѓани како „Новогодишен благослов“

SlobodnaEvropa.mk 

Тајван планира да даде готовинска исплата од речиси 200 долари за секој граѓанин оваа година, објави денеска премиерот Су Ценг-чанг, велејќи дека економскиот раст на островот ќе го делат сите. Економијата зависна од извоз, главно базирана врз технолошки производи, вклучително и полупроводници, порасна за 6,45% во 2021 година, што е најбрза стапка откако се прошири за 10,25% во 2010 година. Додека економскиот раст се очекува да се забави во 2022 и 2023 година, владата направи планови да внесе дополнителни... Читать дальше...

Германија одби преговори за репарации за Втората светска војна, Полска се обрати до ОН

SlobodnaEvropa.mk 

Полска соопшти дека Германија ја информирала оти нема намера да влегува во преговори за какви било репарации за Втората светска војна, бидејќи Берлин смета дека ова прашање е затворено. Полското Министерство за надворешни работи, исто така, објави дека апелирало до Обединетите нации за поддршка за добивање компензација за претрпените загуби од 1,3 трилиони долари за време на нацистичката окупација од 1939-1945 година. Во текот на овој долготраен спор, Германија инсистираше на тоа дека прашањето е... Читать дальше...

ЕУ во потрага по заеднички договор против ширењето на ковид-19 од Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Здравствени претставници на Европската унија денеска ќе се состанат за да изнајдат координиран одговор од опасноста од ширење на инфекциите на ковид-19 во Кина. Во меѓувреме, државните медиуми во Кина ја намалија сериозноста на напливот на ковид-19 пред вчерашниот брифинг од страна на нивните научници до Светската здравствена организација, која се надева на детални податоци за еволуцијата на вирусот. ЕУ ѝ нуди на Кина бесплатни вакцини, засега од Пекинг нема одговор Наглото намалување на контролите во Кина на 7 декември... Читать дальше...

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата

SlobodnaEvropa.mk 

Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла утрово има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Штип – Радовиш, Штип – Неготино и Тетово – Скопје, од 50 – 100 метри на патните правци Кочани – Виница, Скопје – Куманово и клучка Хиподром – обиколница Скопје, од 100 – 150 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес, Градско – Неготино и Македонски Брод – Кичево и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Читать дальше...

Почина Руслан Хасбулатов, водачот на бунтот против Елцин во 1993 година

SlobodnaEvropa.mk 

Руслан Хасбулатов, кој го предводеше бунтот против првиот руски постсоветски претседател Борис Елцин, почина на 81-годишна возраст, објави руската државна телевизија. Чеченец по националност, Хасбулатов беше избран за претседател на Парламентот на Руската Федерација непосредно пред распадот на Советскиот Сојуз. Тој првично му беше верен сојузник на рускиот претседател Елцин и стоеше зад него за време на неуспешниот пуч во август 1991 година од страна на тврдокорните редови во советското раководство. Читать дальше...

Републиканецот Мич Меконел, лидер со најдолг стаж во историјата на американскиот Сенат

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Сенат одржа конститутивна седница на која сите сенатори кои беа избрани или реизбрани на функцијата на среднорочните избори во ноември положија заклетва, а лидерот на опозициската републиканска малцинството 80-годишниот Мич Меконел стана партиски лидер со најдолг мандат во историјата на Горниот дом на Конгресот на САД. Во новото свикување на Сенатот, Демократската партија на САД го задржа мнозинството, зголемувајќи го за едно место, а сега соодносот на демократски и републикански сенатори е 51:49. Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Наутро по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието и во претпладневните часови. Дневната температура ќе се движи од 11 до 15 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 8 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *