smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 07.01.2023

Шестгодишно дете со пиштол ранило учителка во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Американската полиција денеска привела шестгодишно момче откако пукало во учителката во сојузната држава Вирџинија и ѝ нанело повреди опасни по живот. Полицијата соопшти дека инцидентот се случил во основното училиште во градот Њупорт Њуз после расправија, но нејасно е од каде му е пиштолот на детето, пренесува Би Би Си. Надлежните наведуваат дека училиштето со околу 550 ученици има детектори за метал, но дека не се проверува секое дете, туку тоа се прави по случаен избор. Њупорт Њуз е град... Читать дальше...

Илјадници излегоа на курдскиот марш во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку илјади луѓе од цела Европа се собраа во Париз, каде што им оддадоа почест на курдските активистки убиени во 2013 година, објавија агенцијата Франс прес. Годишниот марш, кој од 2013 година ја собира курдската заедница, е одржан две недели по убиството на тројца Курди во Париз. Нив, на 23 декември ги уби 69-годишен пензионер, кој ѝ кажал на полицијата дека има патолошка омраза кон странци. Демонстрантите носеа плакат со натпис „Турската држава повторно масакрира тројца Курди во Париз“. Читать дальше...

Пакистан ослободи стотици Авганистанци од затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици авганистански мигранти, вклучувајќи и жени и деца, денеска се ослободени од затвор од пристанишниот град Карачи во јужен Пакистан, соопштија денеска авганистанските власти. Пакистанската полиција, во повеќе рации минатиот месец, приведе најмалку 1200 авганистански државјани кои влегле во Карачи без валидни патни документи. Апсењата предизвикаа критики во Авганистан, откако фотографиите од затворени авганистански деца беа објавени на интернет. Притворањата ги нагласија затегнатите односи меѓу двете соседни земји... Читать дальше...

Се урна кров на станбена зграда во Египет, најмалку двајца загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку две лица загинаа утринава во градот Александрија во Египет, кога се урна покривот на трикатна станбена зграда. Едно лице е повредено, а причината за несреќата сè уште е непозната, објави египетската новинска агенција МЕНА. Жртвите биле во сервис за електронска опрема во зградата кога се урнал кровот, наведува агенцијата, повикувајќи се на неименувани извори. Уривањето згради е честа појава во Египет, и главно е последица на нелегалната градба и неодржување на зградите, посебно во сиромашните населби.

Во Бугарија сè поизвесни нови парламентарни избори

SlobodnaEvropa.mk 

Втората најголема партија во Бугарија, Продолжуваме со промената најави дека в понеделник ќе го врати мандатот за формирање на влада, што беше доделен на нејзиниот кандидат за премиер Николај Денков. Партијата Продолжуваме со промената на поранешниот премиер Кирил Петков, која се обиде да формира малцинска влада со партијата Демократска Бугарија, вчера не доби поддршка од Парламентот. За гласаа 63 пратеници, а „против“ беа 114 од 240 пратеници. Пратениците од партијата ГЕРБ на поранешниот премиер... Читать дальше...

Мицкоски - Уставните измени се предавство, предвремени избори во мај

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оцени дека уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав се предавство. „Тоа не е обединување, тоа е предавство и тоа требаше некој да го мисли пред да го договара. Ние не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните промена на Устав, не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните потпишување капитулација и предавство. Тој што тоа го потпишуваше треба да знае дека нема услови да го испорача. Тоа е токму еден од тие моменти кои внесуваат раздор меѓу македонскиот народ.

ЕУ го осуди нападот кај Штрпце и повика на истрага, напаѓачот уапсен

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија (ЕУ) остро го осуди вооружениот напад кај Штрпце и повика на истрага, соопшти денеска портпаролот на ЕУ Петер Стано. „ЕУ остро го осудува вооружениот напад врз дете и момче во петокот во Косово. Важно е власта целосно да го истражи тоа грозно злосторство и правдата да биде задоволена“, напиша Стано на Твитер и додаде дека на ранетите им посакува брзо опоравување. Во селото Драјковце кај Штрпце во Косово вчера со огнено оружје од возило до движење беа нападнати момче од 21 година и дете од 11 година од српска националност. Читать дальше...

Мекарти избран за претседател на американскиот Претставнички дом во 15-тиот обид

SlobodnaEvropa.mk 

Републиканецот Кевин Мекарти од Калифорнија е избран за претседател на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес по жестоки расправи кои скоро доведоа до судир меѓу колегите републиканци. Мекарти конечно беше избран на функцијата по 15 круга гласање, и покрај тоа што неговата партија има мнозинство во Домот. Против неговиот избор беа припадници на тврдото крило во Републиканската партија. За да биде избран, тој мораше да направи отстапки и да прифати само еден пратеник да може да побара гласање за доверба. Читать дальше...

Временска прогноза - Сончево со температура до 16 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 12 степени. Читать дальше...

Трошановски: Уставните измени најголем предизвик во 2023-та

SlobodnaEvropa.mk 

На политички план оваа година најголем предизвик ќе бидат уставните измени и предвремените избори, вели претседателот на Институтот за демократија Социетас Цивилис, Марко Трошановски во разговор за РСЕ. Според него, изборите не се неминовни, но, притисокот врз Владата за нивно распишување ќе расте.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *