Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 09.01.2023

Средба на Лајчак и Ескобар со висок претставник на НАТО за односите меѓу Белград и Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

НАТО и Европската унија вложуваат интензивни напори за намалување на тензиите на северот на Косово, а на тој пат мисиите КФОР и ЕУЛЕКС се клучни во нивната поддршка, кои помогнаа целосно да се врати слободата на движење низ Косово. Ова беше оценето на денешната средба во Брисел на специјалните претставници на Европската унија и САД за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, со високиот функционер на НАТО Мирчеа Џоан, на тема односите меѓу Белград и Приштина. Заменик-генералниот секретар Џоан истакна дека КФОР е внимателен... Читать дальше...

Шолц го осуди Иран за егзекуцијата на демонстранти

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди Иран за егзекуцијата на двајца демонстранти и апелираше до Техеран да се воздржи од понатамошни егзекуции. На 7 јануари властите во Иран ги погубија 22-годишниот Мохамад Мехди Карами и 39-годишниот Сејед Мохамад Хосеини кои беа прогласени за виновни за смртта на припадниците на паравоените сили за време на протестите во Карај. Шолц на Твитер изјави дека иранскиот режим ја користи смртната казна како средство за репресија. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи... Читать дальше...

Бразилските безбедносни сили уапсија 1.200 луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Бразилските безбедносни сили уапсија околу 1.200 луѓе поради упадот на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Конгресот, Врховниот суд и во претседателската палата во Бразилија, јавува Би-би-си. Имено, приврзаниците на поранешниот лидер на земјата Жаир Болсонаро одбиваат да ја прифатат изборната победа на ривалот на Болсонаро, Игнасио Лула Да Силва. Стотици војници и полицајци беа мобилизирани за да го разбијат импровизираниот камп пред седиштето на армијата во Бразилија каде... Читать дальше...

Факелијада на српски навивачи во Вишеград - град каде беа извршени масовни злосторства во БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

На мостот Мехмед Паша Соколовиќ во градот Вишеград, каде што илјадници бошњачки цивили беа убиени за време на војната во 1990-тите, денеска беше организирано палење на факли, на празник кој се слави како Ден на Република Српска (РС) и покрај фактот што беше прогласен за неуставен. Факелијадата во Вишеград кој се наоѓа на истокот на Босна и Херцеговина, го организираа навивачите на белградскиот клуб „Црвена звезда“ од Вишеград. Тие развија и транспаренти на кои пишува „Божјата рака е посилна од судот“ и „Единствената Српска си ти“. Читать дальше...

Иран осуди уште тројца на смртна казна поради протестите

SlobodnaEvropa.mk 

Уште тројца ирански демонстранти се осудени на смрт, со што бројот на лица осудени на таква казна се искачи на 17 во врска со протестите предизвикани од смртта во притвор на Махса Амини по нејзиното апсење од полицијата за морал во Техеран за наводно кршење на законот за хиџаб. Салех Мирхашеми, Маџид Каземи и Јагоб Кордсофла беа осудени за „водење војна против Бог“ за нивна наводна улога во смрт на тројца членови на милицијата „Басиџ“ за време на протестите во централниот ирански град Исфахан,... Читать дальше...

За грст копејки или бујна фантазија - руската пропаганда во Бугарија преку Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот истражувачки новинар Христо Грозев обвинува дека текстови со руска пропаганда, напишани од руското воено разузнавање, за 150 до 300 евра се пласираат во бугарските медиуми преку Македонецот Дарко Тодоровски, кој е на докторски студии во Москва и се претставува како новинар и воен аналитичар. Тодоровски за РСЕ ги негира обвинувањата. Македонските власти велат дека такви пари по официјални канали нема.

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

SlobodnaEvropa.mk 

Вооружени напаѓачи киднапирале повеќе од 30 луѓе во напад на железничка станица во јужна Нигерија, соопштија полицијата и локалните власти. Киднапирањата се вообичаени во Нигерија, особено во северозападните и централните делови на најнаселената африканска земја. Во март 2022 година, вооружени напаѓачи разнесоа дел од железничката линија меѓу главниот град Абуџа и градот Кадуна на северот на земјата. Потоа убија осум лица и киднапираа неколку десетици патници, кои беа пуштени во следните месеци со откуп. Читать дальше...

За една година трошоците за живот зголемени за над 14 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

За една година трошоците за живот се зголемиле за 14,2 отсто, додека цените на мало пораснале за 12,6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  Мало намалување на цените има споредено со минатиот месец декември, кога трошоците на животот биле повисоки за 0.2 проценти, а цените на мало се зголемиле за 0.7 отсто. Во извештајот на ДЗС се вели дека движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година било различно кај одделни групи на потрошувачката.  Пораст на индексите е забележан во групите... Читать дальше...



Токсичниот воздух зема 4000 животи годишно - граѓаните губат надеж

SlobodnaEvropa.mk 

Скопјани со недели дишат токсичен воздух, а главниот град е на врвот на листите со најзагадени градови во светот. Аерозагадувањето годишно зема и над 4000 човечки живот, смрт која може се спречи. Нови мерки од надлежните нема, а граѓаните губат надеж дека ќе биде подобро.

Гир: Времето до изборите во 2024 година да се искористи за суштински реформи

SlobodnaEvropa.mk 

За Северна Македонија фокусот во 2023 година мора да биде на реформи. Реформи кои пред се и над се ќе бидат на барање на граѓаните и на нивните интереси. Времето отсега до изборите во 2024 година треба да се искористи токму затоа, да се турнат напред оние толку потребни реформи за кои сите знаеме кои се и што е потребно да се направи. Ова го порача евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието, на кој шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Јаин... Читать дальше...

Шоле ја откажал посетата на Босна и Херцеговина, причините не се познати

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле нема да ја посети Босна и Херцеговина, како што беше претходно најавено. Во почетокот на декември 2022 година, Шоле планираше да ги посети Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Белгија. Таа посета беше откажана бидејќи, како што беше соопштено, американскиот дипломат бил заразен со коронавирусот. Стејт департментот деновиве објави дека Шоле ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, Северна Македонија, Србија и Косово. Читать дальше...

Министерот за национална безбедност на Израел забрани истакнување на палестински знамиња

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир и нареди на полицијата да го отстрани секое палестинско знаме истакнато на јавни места. Тој доцна синоќа оцени дека е незамисливо „оние кои го прекршуваат законот да веат терористички знамиња и да поттикнуваат тероризам“, пренесоа израелските медиуми. „Дадов инструкции да се отстранат знамињата што го поддржуваат тероризмот од јавни места и да се запре поттикнувањето против државата Израел. Слободата на изразување не значи идентификување... Читать дальше...

Корупцијата годишно „јаде “ по еден нов Клинички центар

SlobodnaEvropa.mk 

Милиони евра годишно се излеваат од земјава низ коруптивни канали. Ако државата ревносно ги „затнува тие одводи“ ќе останат пари доволно за изградба на нов Клинички центар или пруга до Бугарија, децениски ветувани неизградени проекти.

Едномесечен притвор за осомничениот за ранувањето на српски момчиња во Штрпац

SlobodnaEvropa.mk 

Основниот суд во Урошевац му одреди едномесечен притвор на осомничениот со иницијали А.К. на возраст од 33 години, за повреди на две лица во Штрпац, општина населена со мнозинско српско население. Вчера се одржа судското рочиште за определување мерка против припадникот на Косовските безбедносни сили кој е осомничен дека ранил двајца српски младинци. Во соопштението на овој суд се наведува дека е оценето оти постои сомнение дека осомничениот во село во општина Штрпце намерно се обидел да им го одземе животот на повредените М.С. и С.С. Понатаму... Читать дальше...

Шефот на ОН повика на „огромни инвестиции“ за закрепнување на Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска повика на голема поддршка од донаторите да му помогнат на Пакистан во напорите за обнова од разорните поплави кои се очекува да чинат повеќе од 16 милијарди долари. „Мораме да го усогласиме херојскиот одговор на народот на Пакистан со нашите сопствени напори и огромни инвестиции за зајакнување на нивните заедници за иднината“, рече тој на денешното отворање на големата конференција во Женева. Гутереш рече дека Пакистан бил „двојна жртва“ и од климатскиот... Читать дальше...

Бразил: кога популистите го враќаат ударот

SlobodnaEvropa.mk 

Поддржувачите на екстремно десничарскиот поранешен претседател на Бразил, Жаир Болсонаро вчера ги нападнаа Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд, како мрачно ехо на инвазијата на американскиот Капитол пред две години од страна на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Вагон од патнички воз излизгал од шините кај „Кадина Река“, нема повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје изутрината околу 7 часот излизгал од шините на станицата „Кадина Река“, меѓу Велес и Скопје. При инцидентот нема повредени патници, изјавија од „ЖРСМ – Транспорт“. Македонски железници - долга и тажна приказна Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени во Скопје“, велат од „ЖРСМ – Траснпорт“. Сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје во моментов е во прекин.

Бабиш ослободен од обвиненијата за измама

SlobodnaEvropa.mk 

Прашкиот суд денеска го ослободи поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш од обвиненијата за измама во случајот од 2 милиони долари за субвенции од Европската унија. Обвинителот побара тригодишна условна казна и парична казна од 440.000 долари за милијардер. Бабиш се изјасни за невин и наведе дека обвиненијата против него се политички мотивирани. Бабиш беше доминантна сила во чешката политика во изминатата деценија, прво како моќен министер за финансии, а подоцна и како премиер, пред опозициските партии... Читать дальше...

Османи ќе ги претстави приоритетите на македонското претседавање со А5

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред амбасадорите на земјите - членки и набљудувачи на САД – Јадранската повелба (САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Србија и Словенија), ќе ги претстави приоритетите и целите на Република Северна Македонија за време на претседавањето со Повелбата во 2023 година. Северна Македонијa го презема претседавањето со ОБСЕ Согласно агендата, најпрво ќе се одржи работен состанок со амбасадорите на САД – Јадранската повелба... Читать дальше...

Пратениците во Собранието ја почнуваат работата

SlobodnaEvropa.mk 

Во македонското собрание денеска треба да се одржи редовната координација на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи од која треба да произлезат активностите за тековната недела. Најавени се и седници на две собраниски тела. Според веб страницата на Собранието, закажани се седници на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за одбрана и безбедност, додека утре се очекува да се одржи првата пленарна седница за оваа година. Членовите на Националниот совет за... Читать дальше...

Претседателот на Бразил го осуди упадот на приврзаниците на Болсонаро во државните институции

SlobodnaEvropa.mk 

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го осуди упадот во државните институции од страна на приврзаниците на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро, нарекувајќи ги „фашистички вандали“. Лула донесе одлука за „полициска интервенција“ во која се вклучени полициски сили од целата земја, не само од локалните, за да се врати контролата и безбедноста во главниот град. „Ќе ги најдеме сите и сите ќе бидат казнети“, рече Лула, кој пред една недела положи заклетва како претседател. Читать дальше...

Времето денеска: попладне повремени врнежи од дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 6 до 10 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 5 степени.

Приврзаници на Болсонаро упаднаа во клучните институции во Бразил

SlobodnaEvropa.mk 

Бразилските безбедносни сили повторно ја презедоа контролата врз зградата на Конгресот и продолжуваат со отстранување на демонстрантите од седиштето на Врховниот суд и претседателската палата Планалто. Приврзаници на поранешниот претседател Болсонаро упаднаа во клучните бразилски институции.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *