smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 11.01.2023

Најмалку 30 ирански новинари сѐ уште се во затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 30 ирански новинари остануваат во затвор поради поврзаност со протестите по смртта на Махса Амини, објави денеска Здружението на новинари во Техеран. Речиси четири месеци Иран е зафатен од демонстрации предизвикани од смртта во притвор на Амини, 22-годишна Иранка,  откако беше уапсена од моралната полиција за наводно кршење на иранскиот кодекс на облекување на жените. Околу 70 новинари се приведени од средината на септември, пренесе агенцијата Франс прес. „Некои се ослободени со кауција... Читать дальше...

Славески: Нема доволно потписи за вонредна седница на Советот на Град Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески во писмената реакција до јавноста информира дека нема собрано доволен број потписи за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје. Тој апелира на соодветна државна реакција и имплементација на координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град. „Како прв меѓу еднаквите во Советот апелирам да се воздржат партиите од правење на политика и терање на популизам на една ваква чуствителна тема која ги засега сите граѓани на главниот град“... Читать дальше...

Вучиќ: Косово „нема начин“ да ги спроведе казните за регистарски таблички

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Косово „нема начин“ да почне да ги казнува оние кои нема да ги пререгистрираат возилата од март. „Тие немаат начин да го сторат тоа. Кога би можеле, би ги отстраниле барикадите. Тоа е тактика во која треба да бидеме среќни и да молчиме, додека некој станува членка на Обединетите нации“, изјави Вучиќ. Ова е одговорот на Вучиќ по изјавата на косовскиот вицепремиер Бесник Бислими дека доколку Белград го попречи постигнувањето конечен договор... Читать дальше...

Бектеши: Се разгледуваат сите опции за намалување на цените на основните производи

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за економија Крешник Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислува да ја активира мерката за замрзнување на цените, рече дека се разгледуваат сите опции. Бектеши напомена дека цените на основните прехранбени производи моментно се стабилизирани за разлика од оние во септември и октомври кога имаше нагло зголемување, а кај некои производи има и намалување. „Ние не сме кажале дека ќе се вратиме на цените од пред една или две години, туку дека ќе има намалување на... Читать дальше...

Судскиот совет - „Таргет-Тврдина“ со месеци неоправдано бил чуван во фиока

SlobodnaEvropa.mk 

Апелацискиот суд во Скопје неразумно долго, без да наведе причини, ги чувал предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ во кои обвинет е ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, но и случајот „Транспортер“ за ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, а пропусти има и во случајот „Алфа“ за убиството на полицаецот кај ПМФ. Ова се дел од заклучоците донесени на денешната седница на Судскиот совет по направената ревизија во Апелација. Работна група од Судскиот совет направи ревизија во Апелација по реакциите... Читать дальше...

Одбраната на Даравелски бара ново судење

SlobodnaEvropa.mk 

Одбраната на осудениот поранешен прв цариник Драган Даравелски побара повторување на судската постапка по неговото вчерашно апсење на граничниот премин Табановце. Оваа информација ја потврди Основниот суд Скопје 1. Даравелски беше осуден со правосилна пресуда во мај 2007 година беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, која пресуда е потврдена и правосилна од Апелациониот суд Скопје од март 2008 година. Барањето на одбраната е поднесено поради тоа што во првиот судски процес... Читать дальше...

Експлозија во близина на МНР во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Експлозија одекна во Кабул во близина на зградата на Министерството за надворешни работи на Авганистан, јави Ројтерс. Според портпаролот на полицијата Калид Задран, има пријавено и жртви во инцидентот што се случил на 11 јануари околу 16 часот по локално време. Најмалку 19 загинати во експлозија на танкер во тунел во Авганистан Локалните медиуми објавија дека портпаролите на министерствата за надворешни работи и за внатрешни работи не одговориле веднаш на барањата за информации во врска со експлозијата во главниот град на Авганистан. Читать дальше...

Шоле бара борба против корупцијата, но не донесе листа на санкции

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски и американскиот дипломат Дерек Шоле во Скопје зборувале за борбата притив корупцијата, но не и за „црната“ листа на САД. Шоле доби македонски дрес на подарок, по што замина за Косово, а ќе ја посети и Србија.



Средбата во Тирана - обид за европска платформа

SlobodnaEvropa.mk 

Евроинтеграциите и уставните измени во фокусот на средбата во Тирана на лидерите на албанските партии од Македонија со премиерот на Албанија, Еди Рама. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека се договарале штетни агенди, а премиерот Ковачевски е убеден дека Рама е наш докажан пријател.

Нови 150 мегавати од обновливи извори, сончевите централи ќе мора да инвестираат и во батерии

SlobodnaEvropa.mk 

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека во текот на 2022 година издала лиценци на 267 централи за производство на струја од обновливи извори на енергија со вкупна инсталирана моќност од 152,2 мегавати. Со тоа вкупниот инсталиран капацитет за производство на струја во земјава се зголемува за 7 проценти. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски рече дека со произведената струја од овие централи може да се задоволат потребите на 65 700 домаќинства. „Тоа се приближно шест града во државата како што се Охрид... Читать дальше...

Селими: Сите дебати за унапредување на односите во регионот се добредојдени

SlobodnaEvropa.mk 

Средбата во Тирана е протоколарна, но партиите и политиарите ќе се обидат да извлечат политички поени од неа, смета политичкиот аналитичар Сефер Селими. Според него, секогаш се добредојдени себатите и дискусиите посветени на ЕУ, на регионално ниво.

Последниот грчки крал Константин Втори ќе биде погребан приватно во Атина

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот грчки крал Константин Втори, кој почина синоќа на 82-годишна возраст, ќе биде погребан приватно во поранешен кралски имот северно од Атина, соопшти денеска грчката влада. Соборен со воен пуч во 1967 година и отфрлен од неговите поданици кои гласаа за откажување од монархијата во 1974 година, Константин II беше единствениот син на кралот Павле и кралицата Фредерика од Грција. Тој страдаше од хронични проблеми со срцето и од минатата недела се лекуваше во болница во Атина. Константин Втори... Читать дальше...

Запрени сите летови во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Сите домашни летови во Соединетите Држави беа прекинати до 14 часот поради дефект во компјутерскиот систем на Федералната управа за авијација, пренесоа американските медиуми. Американската федерална управа за авијација (ФАА) објави дека работи на поправка на системот што ги предупредува пилотите за потенцијални опасности на летовите, пренесе Би-Би-Си. ФАА прецизираше дека некои функции почнале да се враќаат на интернет, но дека операциите на националниот систем за воздушен простор остануваат ограничени. Читать дальше...

Ковачевски: со Шоле разговаравме и за борбата против корупцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски по неговата денешна средба во Скопје со советникот во американскиот Стејт департмент Дерек Шоле изјави дека како дел од темите за кои разговарале била и борбата против корупцијата и владеењето на правото. Притоа Ковачевски му ги преставил на Шоле високите случаи на корупција што се покренати во Македонија и некои напредоци во судството, бидејќи според негова оценка, не е се црно во оваа сфера. „Не разговаравме за (американскиот) тим за спроведување на санкции и за тоа што имаат работено во Скопје. Читать дальше...

ДСК: Курти вмешан во мултимилионска афера

SlobodnaEvropa.mk 

Претставници на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) го обвинија косовскиот премиер Албин Курти дека заедно со косовскиот амбасадор во Хрватска, Мартин Беришај е вмешан во финансиска афера за која подолго време се објавува на медиумите во Словенија. Членот на Претседателството на ДСК Џафер Тахири на прес-конференција изјави дека последната изборна кампања на Курти била финансирана со сомнителни пари. „Овој скандал е се поголем и поголем. Според последните информации, станува збор за околу 100 милиони евра од компанијата ГЕН... Читать дальше...

Основен суд Куманово: нема застареност за извршување на казната за Даравелски

SlobodnaEvropa.mk 

Извршувањето на изречената казна затвор за Драган Даравелски не застарува со оглед што Основниот суд Куманово по приемот на правосилната пресуда преземал повеќе дејствија, со кои текот на застарувањето на извршувањето на казната е прекинувано. Ова го објави надлежниот Основен суд Куманово за извршување на изречената казна затвор за Даравелски кој во мај 2007 година беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, која пресуда е потврдена и правосилна од Апелациониот суд Скопје од март 2008 година. Читать дальше...

Загадувањето ги разболува децата, а сè помалку педијатри да ги лекуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Недостигот од педијатри кулминира, а здравствените власти се уште бараат начин како да го решат проблемот, макар и привремено. Во меѓувреме со сезоната на грипови и аерозагадувањето, бројот на деца на кои им треба лекарска помош расте, а лекарите прават натчовечки напори за да ги прегледаат сите.

Шведска ќе дозволи изградба на нови нуклеарни реактори

SlobodnaEvropa.mk 

Шведска подготвува легислатива за да се дозволи изградба на повеќе нуклеарни централи за да се зголеми производството на електрична енергија во оваа нордиска земја и да се зајакне енергетската безбедност, изјави денеска премиерот Улф Кристерсон, додавајќи дека проширувањето на производството на нуклеарна енергија клучна цел за неговата десничарска влада која се обидува да го смени процесот на постепено затворање на неколку реактори во изминатите неколку децении што ја остави земјата повеќе да се потпира врз обновливите извори на енергија. Читать дальше...

Бајден: Не сум запознаен со содржината на доверливите документи од мојата поранешна канцеларија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џозеф Бајден изјави дека не бил запознаен со содржината на доверливите документи од времето кога тој бил потпретседател, пронајдени во една од канцелариите што ги користел во меѓувреме. „Бев информиран за откритието и бев изненаден кога дознав дека владините документи биле однесени во оваа канцеларија. Но, не знам што има во документите“, им рече американскиот претседател на новинарите на прес-конференција по средбата со мексиканскиот претседател и канадскиот премиер во Мексико Сити. Читать дальше...

Ѓоковиќ во првиот Извршен комитет на контроверзната асоцијација на професионални тенисери

SlobodnaEvropa.mk 

Новак Ѓоковиќ и женскиот светски рекет број два, Онс Жабер, беа именувани денеска во првиот Извршен комитет на контроверзната асоцијација на професионални тенисери (ПТПА). Србинот Ѓоковиќ, поранешниот тенисер број еден, беше клучен во создавањето на ПТПА, откако се откажа од функцијата претседател на Советот на играчи на АТП во 2020 година за да ја започне отцепената организација. АТП води машки тенис. ПТПА е независен од АТП и неговиот еквивалент за жени, ВТА, и вели дека сака да им даде на играчите поголем глас во спортот. Читать дальше...

Судскиот совет ќе расправа за Извештајот од работната посета на Апелација

SlobodnaEvropa.mk 

Судскиот совет на денешната 427 седница треба да го разгледа извештајот од работната посета на Апелационен суд Скопје. Работната посета треба да даде одговор за постапувањето на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на тоа дали учествувал судија кој што исполнил услови за старосна пензија. Судски совет ќе прати работна група на увид во Апелација Одлуката за работна посета... Читать дальше...

Маж рани неколку лица со нож во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Маж денеска повредил со нож шест лица во париската железничка станица Гар д Норд, објавија француските медиуми. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека напаѓачот бил „неутрализиран“ од полициските сили. Нападот се случил околу 6 часот и 40 минути на една од најпрометните станици во Европа и главна врска помеѓу Париз, Лондон и северот на Европа. Протести по Париз по вооружениот напад на курдски центар Полицијата го обезбедила подрачјето и возовите сообраќале нормално... Читать дальше...

Рускиот митрополит Антониј во посета на Македонската православна црква

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот митрополит Антониј, кој е директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, денеска ќе ја посети Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Информацијата за посетата на рускиот владика на Скопје за ТВ Сител ја потврдил митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј. Сепак тој не изнесол детали за целта на посетата на миторполитот Антониј, кој според некои медиуми, ќе имал средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан. Читать дальше...

Советникот во Стејт департментот Дерек Шоле во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле денеска ќе ја започне посетата на Западен Балкан со разговори во Скопје, при што ќе престојува и во Приштина и Белград, со цел да ја нагласи постојаната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет во регионот. Шоле денеска ќе разговара за повеќе прашања со претставници на владата на Северна Македонија, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.  Агелер: Справувањето со корупцијата... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *