smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 13.01.2023

Суспендирани полицајците на кои им побегна затвореникот Мемети

SlobodnaEvropa.mk 

Четворицата затворски полицајци кои го превезувале затвореникот Беким Мемети што побегна од затворот Идризово, се суспендирани, потврди Министерството за правда за новинската агенција МИА. Одлуката за суспензија била донесена по спроведениот вонреден инспекциски надзор. 36 годишниот тетовчанец побегна кога бил превезуван со полициско комбе од затворот Идризово кон Ургентниот центар „Мајка Тераза“ при што го украл пиштолот на еден од полицајците и пукал кон него. Како што соопшти Управата за санкции... Читать дальше...

Активисти со протест пред Владата бараат решение за кучињата скитници

SlobodnaEvropa.mk 

„Планираат ли властите да го решат проблемот со кучињата од улиците“, „Затвор за убиците“и „Биди човек, не монструм“, се дел од транспарентите на демонстрантите кои денеска пред Владата изразија незадоволство поради последните случувања во Струга каде што, човек со пушка уби десетина улични кучиња. Во исто време, имаше масовно труење на уличните кучиња во Неготино. Активистите со свирчиња и црвена боја како симбол за убиените животни, упатија порака до институциите, дека треба да работат во интерес на заштита на животните, но и на луѓето. Читать дальше...

Фирма на Трамп треба да плати 1,6 милиони долари казна за даночна измама

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Њујорк донесе пресуда против компанијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради даночна измама. Казната која фирмата требало да ја плати е 1,61 милиони долари. Кривичниот суд во Менхетен ја изрече максималната можна казна, откако поротниците ги прогласија за виновни двајцата соработници на „Организацијата Трамп“ за вкупно 17 кривични пријави кои се однесуваат на затајување на данок на добивка за надоместоци исплатени на највисоките директори во организацијата. Трамп како физички лице не е осуден во овој случај... Читать дальше...

Македонски државјанин уапсен во Хрватска, пренесувал 11 килограми марихуана

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватската полиција привела 21 годишен македонски државјанин, откако во неговиот автомобил пронашла 11 килограми марихуана, автоматска пушка и пиштол. Полицијата соопшти дека младото момче е во притвор, откако претходно се спротивставил на претресот на неговиот автомобил. Тој е приведен во хрватскиот град Вараждин, кој се наоѓа во северниот дел на земјата во близина на границата со Словенија, на 81 километар од хрватскиот главен град Загреб. Полицијата соопшти дека вчера во Вараждин, работејќи на „сузбивање на злоупотребата на дрога“... Читать дальше...

Меѓународна потерница за избеганиот затвореник од Идризово

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународна потерница денеска распиша полицијата по затвореникот Мемети Беким кој вчера побегна од затвор. Тој додека бил пренесуван од затворот во Идризово кон болница пукал во затворски полицаец и побегнал. Управата за извршување на санкции, соопшти дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на 36 годишниот затвореник од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пумпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило... Читать дальше...

Пет дена рок доби цементарница „Усје“ да го замени мазутот со гас

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за животна средина соопшти дека по вонредните инспекциски надзори во Цементарницата Усје се забележува дминување на азотни оксиди кои изнесуваат 711, 9 милиграми на метар кубен од котларата за парно греење која користи мазут, додека измерените параметри од двете печки за азотен оксид (NOx), сулфур диоксид (SO2) и прашина се во рамки на дозволени концентрации според А-интегрираната еколошка дозвола. Државниот инспекторат за животна средина денеска издаде решение со кое на „Цементарница... Читать дальше...

Разбиен синџир за трговија со органи во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистанската полиција разбила синџир за трговија со органи откога исчезнато 14-годишно момче било пронајдено во подземна лабораторија откако му бил отстранет бубрегот.  Приведени се 6 луше. Полицијата соопшти дека  приведениот биле одговорни за привлекување млади, ранливи жртви со ветувања за профитабилни работни места и големи исплати пред да им ги извади органите - главно бубрезите - за да ги продаде за до 900.000 рупии  односно 4.000 долари. „Дури откако ги следевме доказите и наводите, откривме... Читать дальше...

Пентагон собрал 510 извештаи за НЛО, „тие не се вонземјани, но се закана“

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите држави досега собрале 510 извештаи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), многу од нив за настани во воздушен простор околу воените бази. „Иако нема докази за постоење на вонземјани, овие НЛО сè уште претставуваат закана“, наведува американската влада во декласифицираното резиме на извештајот објавен вчера, пренесе АП. Во минатата година, Пентагон ја отвори Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени, исклучиво фокусирана врз примање и анализа на сите тие извештаи за „неидентификувани феномени“... Читать дальше...



Вучиќ: Секоја форма на признавање на Косово и отстапка за членство во ОН се нашите црвени линии

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека му пренел на советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шолe дека секоја форма на формално или неформално признавање на независноста на Косово и отстапка за членство во ОН се „црвени линии“ преку кои Белград нема да помине. Вучиќ рече дека со американскиот дипломат вчера во Белград разговарал за т.н германско-францускиот план за Косово. „Ние во нашиот труд укажавме на она што веќе им го доставивме на авторите на тоа писмо, кои се нашите црвени линии. Читать дальше...

Огнена борба за наклонетоста на Ахмети

SlobodnaEvropa.mk 

Огнената група во ДУИ бара лидерот Али Ахмети да не се става на страната на Артан Груби, од кого се назадоволни. И „огнените“ и другиот табор од ДУИ излегуваат на терен на средби со граѓаните. Ахмети, пак, во Тирана на состанокот со албанскиот премиер Еди Рама, беше придружуван од Артан Груби.

Курти: средбите во Брисел со Вучиќ треба да се одржуваат секој месец

SlobodnaEvropa.mk 

Состаноците во Брисел треба да се одржуваат секој месец, изјави косовскиот премиер Албин Курти, говорејќи за приштинските медиуми за дијалогот Косово-Србија и можноста за средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. „Во минатата година, на 18 август, се договоривме во Брисел да се среќаваме секој месец, во септември тоа не се случи, туку дојде француско-германски предлог, кој го нарекуваме предлог на Европската унија, кој беше поддржан од Франција и Германија и средбата беше до 21 ноември“, потсети Курти. Читать дальше...

„Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип

SlobodnaEvropa.mk 

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип ќе биде отворена нова фабрика, инвестиција на компанијата „Магнамехатроникс“ која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти. Ова е прва инвестиција во државава годинава, од околу 40 милиони евра, а според деловниот план, предвидени се најмалку 600 работни места. Според премиерот Димитар Ковачевски, трендот се повеќе странски компании да отвораат свои фабрики овде во земјава е од голема помош и тоа ќе донесе економски раст и напредок на земјата... Читать дальше...

Србија има околу 760.000 жители помалку отколку во 2011 година

SlobodnaEvropa.mk 

Србија, иако според првите резултати од пописот има околу половина милион жители помалку од 2011 година, сепак се проценува дека намалувањето е поголемо од тоа и изнесува околу 760.000 жители, изјави синоќа Љиљана Ѓорѓевиќ, претставник на српскиот Завод за статистика, наведувајќи дека Нови Сад и Белград имаат негативен природен прираст, а зголемувањето на бројот на жители во тие градови се должи на имиграцијата, како и дека состојбата во главниот град не е иста во сите градски општини. Според неа... Читать дальше...

Затвореник пукал во затворски полицаец и побегнал додека го носеле во болница

SlobodnaEvropa.mk 

Затвореник од КПУ „Идризово“ синоќа пред поноќ додека го носеле во болница пукал во затворски полицаец, го ранил и побегнал со друго возило. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, синоќа во 23:20 часот четворица вработени во Затворската полиција кои биле со комбе „Форд транзит“ побарале помош од полициски службеници од СВР Скопје. „Според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М од КПУ „Идризово“ кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х од затворската полиција... Читать дальше...

Сателитските снимки од Кина укажуваат на голем број смртни случаи од ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Сателитските снимки од градовите во Кина покажуваат зголемена градежна активност во крематориумите и погребалните претпријатија, што ја илустрира сериозноста на епидемијата на ковид-19 во најнаселената земја во светот. Сликите направени од компанијата Максар кон крајот на декември и почетокот на јануари и споделени со американската ТВ мрежа NBC News покажуваат нови, поголеми паркинзи и повеќе автомобили паркирани надвор од погребните претпријатија во Пекинг и на други места во споредба со снимките од истиот период од претходните години. Читать дальше...

Кај Панчево од цистерна истече амонијак

SlobodnaEvropa.mk 

Вечерта на 12 јануари од цистерна истече амонијак на товарната линија во населбата Топола кај Панчево, јави јавниот сервис Радио телевизија на Србија (РТС). Едно лице од тоа место било префрлено во болницата во Панчевац на кислородна терапија, а неколку други од околните куќи биле прегледани и пуштени дома. РТС соопшти и дека пожарникарите и полицијата се на терен и дека жителите на десетина околни куќи се евакуирани. Министерството за внатрешни работи на Србија се уште јавно не го објави инцидентот. Читать дальше...

ФБИ и достави на Црна Гора заклучоци за сајбер нападите во таа земја

SlobodnaEvropa.mk 

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) ја заврши анализата на сајбер нападите што ја зафатија државната инфраструктура на Црна Гора во август минатата година. Експерти на ФБИ до црногорските институции доставиле извештај за сајбер напади врз владини системи, соопшти Управата на полицијата по средбата на директорот Зоран Брѓанин со претставници на ФБИ и Амбасадата на Соединетите држави во Подгорица. „Извештајот на ФБИ претставува исклучително вреден материјал за полицискиот оддел и значително... Читать дальше...

Здруженијата за заштита на животните на протест пред Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици здруженија за заштита на животните и поединци активисти со мотото „Не се безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“, ќе одржат протест пред седиштето на Владата, a по повод последниот настан што се случи во Струга кога човек, кој со пушка, уби десетина кучиња, но и по зачестените напади на граѓани од страна на кучињата по улиците. „Ние, како здруженија и како активисти, свесни сме за преголемата популација кучиња на целата територија на државата и правиме сè што е во наша моќ да удомиме и да ги тргнеме од улиците... Читать дальше...

Претседателски избори во Чешка, фаворити екс премиерот Бабиш и генерал Павел

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска и утре во Чешка се одржува првиот круг од претседателските избори. Поранешниот премиер Андреј Бабиш и поранешниот шеф на Воениот комитет на НАТО, генерал Петр Павел, кој е поддржан од гласачи од десниот центар, се фаворити на изборите, а во анкетите и изборните модели секогаш се наоѓа на прво место со поддршка од околу 27 проценти од гласачите, но разликата меѓу нив е на ниво на статистичка грешка. Трета е поранешната ректорка на Универзитетот Масарик во Брно, Дануше Нерудова, со околу 24 отсто од гласовите... Читать дальше...

Кол центри од Србија и други земји продавале лажни криптовалути

SlobodnaEvropa.mk 

Европол објави дека полициските и судските власти од Србија, Бугарија, Кипар и Германија, со поддршка на Европол и Евроџаст, покренале истрага против организирани криминални групи вклучени во онлајн инвестициска измама. Оваа криминална мрежа, која се состои од неколку различни криминални групи кои работат преку центри за повици, намамила жртви, главно од Германија, да инвестираат големи суми пари во лажни шеми за криптовалути, се наведува на соопштението на Европол. Бугарија ја истражува работата... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Наутро со услови за слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе се движи од 2 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 8 степени.

Специјален советник ќе го испитува ракувањето со документите од страна на Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд објави дека назначува специјален советник кој ќе го испита начинот на кој претседателот Џо Бајден постапува со чувствителните владини документи, истрага што може да фрли сенка врз очекуваната трка на демократот за реизбор во 2024 година. Највисокиот американски функционер за спроведување на законот ова го објави ова неколку часа откако адвокат од Белата куќа во четвртокот откри дека правниот тим на Бајден пронашол втор сет на доверливи документи од неговото време како потпретседател... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *