smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 16.01.2023

Ковачевски најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции по бегството од Идризово

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски откако избега осуденик од затворот во Идризово. Ковачевски денешната прес-конференција во Владата рече дека е незадоволен од работата на Спасовски и затоа ќе бара негова замена. „Веќе отпочнав процес на селекција на нов директор на Управата за извршување на санкции“, рече Ковачевски. Во однос на директорот на затворот Идризово, Ковачевски кажа само дека тој е назначен од пред... Читать дальше...

ЗНМ и ССНМ: Работата на премиерот не е да ја оценува уредувачката политика на медиумите

SlobodnaEvropa.mk 

Од Здружението на новинари (ЗНМ) и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска реагираа на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за работата на медиумите. Од ЗНМ соопштија дека праксата на непримерна комуникација за работата на медиумите продолжува и од претедателот на Владата. На новинарско прашање дали премиерот Ковачевски ќе се огради од лидерот на ДУИ, Али Ахмети во контекст на изјавата дека етикетира медиуми, Ковачевски рече: ,,Верувам дека господинот Ахмети... Читать дальше...

Лајчак и Ескобар неделава во посета на Косово и Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак заедно со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Есокбар кон крајот на оваа недела ќе го посетат Косово, а потоа и Србија, дознава РСЕ од дипломатски извори во Брисел. Според споменатите извори, тие ќе престојуваат во главниот град на Косово, Приштина, на 20 јануари. Целта на посетата, како што наведуваат изворите, е подготовка за следната рунда дијалог на највисоко политичко ниво во Брисел. Читать дальше...

Одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за пожарот во тетовската модуларна болница е одложено поради отсуството на еден од обивнетите, поранешниот економски директор на тетовската болница Артан Етеми. Наредното рочиште е закажано за 31 јануари. Судијата Јордан Велковски изјави дека обвинетиот Етеми е отсутен поради смртен случај. На денешното рочиште беше предвидено да се презентираат вербални докази од сведоци кои се на предлог на обвинителите. Поголема група граѓани повторно се собра да му даде поддршка на докторот Бобан Вучевски, кој е еден од тројцата обвинети. Читать дальше...

Претседателски избори во Црна Гора на 19 март

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Парламентот на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ ги распиша претседателските избори за 19 март. Актуелниот мандат на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, започна на 20 мај 2018 година, кога тој положи заклетва пред пратениците во Собранието на Црна Гора. „Претседателот на Собранието е овластен и должен да распише избори за претседател на Црна Гора најдоцна 120 дена пред истекот на мандатот на претседателот на Црна Гора“, рече Ѓуровиќ. Објаснувајќи зошто го избрала тој датум... Читать дальше...

Командирот донел одлука затвореникот Мемети кој избега да биде пренесен во болница

SlobodnaEvropa.mk 

Од Министерството за правда денеска соопштија дека Управата за извршување на санкциите на 13 јануари спровела вонреден стручен надзор во затворот Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до бегството на осуденото лице Беким Мемети. За да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, како што наведуваат од министерството, мора да се подготви упат од лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Читать дальше...

Владата се фали со капитални инвестиции, опозицијата критикува проекти нема

SlobodnaEvropa.mk 

Владата се пофали дека лани имало рекордни капитални инвестиции. Тоа е така во апсолутна вредност, но тука треба да се има предвид и рекордната инфлација, односно истите пари сега вредат помалку. Опозицијата, пак, обвинува дека владата повеќе се задолжува отколку што инвестира.

Бугарските социјалисти го добија мандатот за формирање влада

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот претседател Румен Радев го додели мандатот за состав на нова влада на Бугарската социјалистичка партија. Лидерката на партијата Корнелија Нинова, изјави дека партијата ќе даде се од себе „да формира редовна влада, која е многу потребна“. Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ-СДС, но составот на Владата со кандидатот за премиер Николај Габровски не ја доби потребната поддршка во бугарскиот Парламент. Вториот мандат Радев му го додели на кандидатот за премиер на политичката партија „Продолжуваме со промените“... Читать дальше...



Гeрвала: Косово нема да бара начини да формира Заедница за Србите, бидејќи го прекршува Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гeрвала изјави дека нема да се бараат начини за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, што е договорено во рамките на дијалогот со Србија. „Каков ќе биде понатамошниот тек на разговорите во Брисел како дел од конечниот договор, какви ќе бидат отстапките што Србија ќе биде подготвена да ги направи во однос на правата на малцинствата во Србија и многу, многу други теми, останува да се разговара во рамките на дијалогот“, рече таа, одговарајќи... Читать дальше...

ЗНМ и ССНМ: Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно

SlobodnaEvropa.mk 

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро реагира на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој два медиуми – телевизиите Телма и Алфа ги нарече „непријатели на Албанците“. Ахмети на партиската трибина во Гостивар рече: „Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие аплаудираат, Алфа, Телма – мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“. ССНМ смета дека ваквиот говор на Ахмети е... Читать дальше...

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата годинава 8 до 9 проценти

SlobodnaEvropa.mk 

Народната банка очекува инфлацијата годинава да се стабилизира, да забави и да изнесува 8 до 9 проценти, изјави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на денешната конференција „Предизвици на економските политики во 2023 година“ во Скопје. Таа, напомена дека колку економијата е трговски поотворена и по увозно зависна особено во енергетскиот сектор, како што е македонската, толку шокот од кризата е поголем. „Нашето основно макроекономско сценарио е дека двоцифрената инфлација од минатата година постепено ќе се стабилизира и ќе забавува. Читать дальше...

Српскиот министер за одбрана: Косово е најголем безбедносен ризик

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека ситуацијата на подрачјето на Косово е несомнено најголемиот безбедносен ризик за Србија, нагласувајќи дека моментално владее смиреност, но дека ситуацијата се следи внимателно. Во Белград, на презентацијата на резултатите од анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на српските вооружени сили во 2022 година, Вучевиќ рече дека ги следат „новите инфраструктурни работи“ на косовската полиција и на Косовските безбедносни сили. Читать дальше...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Индонезија

SlobodnaEvropa.mk 

Подводен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди западна Индонезија и нема извештаи за сериозни штети или жртви во еден час, објави Американскиот геолошки институт. Епицентарот бил на 40 километри југоисточно од Сингил, крајбрежна област во провинцијата Ачех, на длабочина од 37 километри. Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика не издаде предупредување за цунами. Индонезија, голем архипелаг со повеќе од 270 милиони луѓе, често е погодена... Читать дальше...

Лидерите летаат за Давос, нивните приватни авиони влијаат врз климата

SlobodnaEvropa.mk 

Политичките и деловните лидери од денеска до петок ќе се сретнат во швајцарското одморалиште Давос на Светскиот економски форум, на кој на дневен ред се прашањата од геополитичката нестабилност до климатските промени. Ќе дојдат со приватни авиони кои загадуваат 50 пати повеќе од возовите.

Сиромаштијата ќе расте и ќе ја топи средната класа

SlobodnaEvropa.mk 

Високата стапка на инфлација, од 18,7%, најмногу ќе ги погоди ранливите категории граѓани, оти тие најголемиот дел од парите го трошат за храна, велат економистите. Во економската „бура“ која ни се случува, сиромаштијата ќе се продлабочува, прогнозираат аналитичарите.

Во Италија уапсен најбараниот мафијашки бос Матео Месина Денаро

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанската полиција денеска го уапси Матео Месина Денаро, најбараниот мафијашки бос во земјата, кој беше во бегство три децении. Месина Денаро, кој беше приведен во сицилијанската престолнина Палермо, се тврди дека е шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра. Тој е осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година. Шефот на сицилијанската мафија пуштен на слобода Тој, исто така, се соочува со доживотна... Читать дальше...

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе. На последното рочиште на 27 декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот, а денеска предвидено е да има вербални докази од сведоци кои се на предлог на обвинителите. Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе... Читать дальше...

Радев ќе го врачи третиот мандат на „БСП за Бугарија“ за формирање влада

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе и го додели мандатот за состав на нова влада на политичката партија „БСП за Бугарија“. Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ-СДС, но составот на Владата со кандидатот за премиер Николај Габровски не ја доби потребната поддршка во бугарскиот Парламент. Во Бугарија сè поизвесни нови парламентарни избори Вториот мандат Радев му го додели на кандидатот за премиер на политичката партија „Продолжуваме со промените“, Николај Денков, но и тој не доби поддршка... Читать дальше...

Ердоган: Шведска треба да ги екстрадира „терористите“ ако сака да влезе во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Шведска и другите европски земји дека го толерираат „континуираното присуство на терористи“, односно курдските активисти, и рече дека „екстрадицијата на бараните терористи“ е неопходност за таа нордиската земја да се стекне со право да влезе во НАТО. „Им рековме, ако не ги екстрадирате терористите што ги имате, тогаш не можеме да го ратификуваме членството во НАТО во нашиот парламент“, рече Ердоган, коментирајќи ги ветувањата на Шведска и Финска... Читать дальше...

Земјотрес со сила од 4,8 степени во Албанија, почувствуван во повеќе градови во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 22 часот и 37 минути, регистрираше земјотрес со епицентар на 20 километри североисточно од Тирана, во Албанија и со локална Рихтерова магнитуда од 4.8 степени. Серија земјотреси близу Тирана - земјотрес регистриран и во близина на Загреб Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Македонија, особено во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар... Читать дальше...

Времето денеска: претежно облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 8 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *