smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 18.01.2023

Тупанчевски – Може да се разрешат и други директори за бегството на Мемети

SlobodnaEvropa.mk 

Треба да се дојде до докази кој сè е инволвиран во бегството на затвореникот Беким Мемети, не завршуваат работите со разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, изјави вечерва министерот за правда Никола Тупанчески. Тој во интервју за Топ тема на ТВ Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири. „Може да нема директно влијание или директни ингеренции во однос на случувањата... Читать дальше...

Блинкен и Пашинијан разговараа за обновување на разговорите со Азербејџан

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Антони Блинкен на 18 јануари телефонски разговараше со ерменскиот премиер Никол Пашинијан за чекорите за обновување на билатералните разговори со Азербејџан. Разговорот се случува во услови на ескалација на тензиите поради блокадата на единствениот директен пристап до отцепениот регион Нагорно-Карабах. Блинкен „изрази длабока загриженост за влошената хуманитарна ситуација во Нагорно-Карабах како резултат на блокадата на коридорот Лачин“, се вели во соопштението на Стејт департментот. Читать дальше...

Лајчак на чело на тимот дипломати од ЕУ и САД во посета на Белград и Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, ќе ја предводи европско-американската група дипломати кои во петок, на 20 јануари ќе ги посетат Приштина и Белград, потврди портпаролот на ЕУ Петер Стано. Во делегацијата ќе бидат американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, советници на германскиот канцелар и на францускиот претседател и еден советник на италијанскиот премиер. Ова е првпат италијански дипломат да биде дел од... Читать дальше...

Епидемиолошката состојбата стабилна, децата може да се вратат на школо

SlobodnaEvropa.mk 

Епидемиолошката состојбата е стабилна и нема потреба од дополнителни мерки оценила Комисијата за спречување на заразни болести на денешната седица. Според нив безбедно е децата да се вратат на училиште од понеделник, кога почнува второто полугодие. Во изминатиот период амбулантите и болниците беа полни со заболени деца, но од Комисијата велат дека следат што се случува и доколку се зголемат бројките на заразени од ковид или грип ќе ги зголемат болничките капацитети.  Владата по препорака на... Читать дальше...

Европскиот парламент бара санкции за Додик, тој вели тоа е знак на слабост

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјади дека никој не страдал поради политиките што ги води, откако Европскиот парламент ЕУ), побара од Европската унија (ЕУ) да го санкционира. Во резолуцијата усвоена на 18 јануари, се наведува дека „ЕП го повторува својот повик за усвојување насочени санкции против дестабилизирачките актери во БиХ, вклучително и оние кои го загрозуваат нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, особено Милорад Додик“. Во изјава за агенцијата Срна, Додик рече дека санкционирањето е „знак на слабост... Читать дальше...

Управата за извршување санкции доби в.д директор

SlobodnaEvropa.mk 

Јовица Стојановиќ е именуван за вршител на должноста директор на Управата за извршување на санкции до изборот на нов директор, одлучи Владата на денешната седница. Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“. За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската... Читать дальше...

Уставен - Пониските судови му повредиле права на новинар за „27 април“

SlobodnaEvropa.mk 

Судиите во Уставниот суд на денешната седница го усогласиле ставот дека со пресудите на пониските судови му се повредни правата на новинарот од неделникот Фокус, Влатко Стојановски, сторени за време на „27 април“. Тој поднел предмет до Уставниот суд, да се утврди дали му се повредени уставно загарантираните слободи и права, кои според, него се направени со пресуди на Основниот граѓани суд и Апелациониот суд Скопје. На 27 април 2017 година, новинарите беа спречени да ја извршуваат својата работа во Собранието... Читать дальше...

Истекува рокот за школите да се пријават за субвенционирана струја

SlobodnaEvropa.mk 

На 20 јануари (петок) истекува рокот во кој основните и средните училишта треба да се пријават за добивање на субвенционирана струја. Училиштата што не го направиле тоа да го сторат веднаш, порача денеска советникот за енергетика во Владата Виктор Андонов. Во тек е огласот за пријавување за снабдување со субвенционирана електрична енергија од 1 февруари. „Заеднички интерес е децата да имаат непречена настава и топли училници, а училиштата да имаат помали сметки за електрична енергија“, рече Андонов на денешната прес-конференција во Владата. Читать дальше...



Разрешениот директор на МКЦ обвинува за притисоци од Град Скопје за вработување на Бени Шаќири

SlobodnaEvropa.mk 

Финансиски инспекции, ревизии и намален буџет се дел од притисоците на кои се жалат вработените во Младинскиот Културен Центар. Разрешениот вд директор на МКЦ Ванчо Богоев јавно посочи дека од Град Скопје му било вршено притисок да потпише вработување на Бени Шаќири, па откако не потпишал на неговoто столче утре ќе седне дипломиран детектив со неколку дена работно искуство во МКЦ. Ни Шаќири ни град Скопје не одговорија на ваквите обвинувањ на Богоев.

Гир - Слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и камен темелник на демократијата, изјави на 18 јануари евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир, но не сакаше да го коментира кратењето на буџетот на Медиумската информативна агенција (МИА), и изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со оценки за работа на дел медиуми. Гир денеска заедно со амбасадори од други земји членки на ЕУ е во посета на Охрид. „Слободата на медиумите е камен темелник... Читать дальше...

Ердоган го сигнализира 14 мај како датум за изборите во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска посочи дека парламентарните и претседателските избори би можеле да се одржат на 14 мај. Говорејќи пред пратениците на неговата партија во парламентот, Ердоган рече дека Турците ќе ја покажат својата реакција на главниот опозициски сојуз на истиот датум кога се одржаа изборите во 1950 година. „Нашата нација ќе им каже „доста е“ на овие благодарници на пучот, оваа амбициозна, но неспособна маса, на истиот ден по 73 години“, рече Ердоган. Турција користи... Читать дальше...

ДКСК со иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски

SlobodnaEvropa.mk 

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) одлучи да достави иницијатива до Владата за утврдување одговорност на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со ненавремено донесено решение за забрана за вршење технички преглед на правното лице „Виа Комерц“, станица во која по утврдувањето на неправилностите, технички преглед бил извршен и на превозникот „Беса Транс“ во чиј автобус во несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени. Комисијата утврдила дека министерот не постапил правилно... Читать дальше...

Сара Климоска: Вратата на Европа е подзатворена за ѕвезди од Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Младата македонска актерка Сара Климоска вели дека од местото каде живееш зависи до каде ќе стигнеш професионално. Таа забележува дека наградата за една од најдобрите актерски таленти во подем во Европа ѝ отворила доста кастинзи, но ништо особено, бидејќи поинаку е кога си од Балканот

Град Скопје: нема интерес на јавниот повик за извршување на јавниот превоз

SlobodnaEvropa.mk 

По истекување на рокот за пријавување на јавниот повик за приватните автобуски превозници за линиите 9,11 и 12, од Град Скопје за МИА информираат дека во недостиг на интерес за јавниот повик, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз. „За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови автобуси“, велат од Град Скопје. Скопскиот автобуски превоз како... Читать дальше...

Поголемо мнозинство или раситнета ДУИ, што ќе ѝ донесе Таравари на власта

SlobodnaEvropa.mk 

Со најавата за влез на Алијанса за Албанците во власта не се согласуваат дел од помалите партии од владејачката коалиција како и тројката пратеници од Огнената група на ДУИ. Засега само Павле Трајанов јавно истакна дека нема да поддржи реконструкција на, како што вели, непринципелна Влада.

Ковачевски апелира на единство за членство на Северна Македонија во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

„Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Да покажеме единство, бидејќи тоа е влог во градењето просперитетна иднина на граѓаните и на државата“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информираа за текот на скрининг процесот. Ковачевски упати апел до пратениците дека мора да покажат конструктивност во име на граѓаните и единство за благосостојба на нашите граѓани. Читать дальше...

Зошто доаѓа до повлекување на признавањето на Косово и какви се последиците?

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните петнаесет години 27 земји донеле одлука за повлекување на признавањето на независноста на Косово, соопштија српските власти. Повлекувањето на признавањето се „нерегуларни меѓународни акти“, кои имаат повеќекратни последици за Косово - вели експертот за меѓународно право, Гзим Висока.

Недопирливи директори и селективната одговорност на Владата

SlobodnaEvropa.mk 

По филмското бегство од Идризово, функцијата го чинеше само директорот на Управата за извршување санкции. Други лица од повисоките ешалони не беа „казнети“ од Владата. Само со суспензија на службеници завршија и низа други случаи.

Кривичната пријава против цементарница „Титан Усје“

SlobodnaEvropa.mk 

Градот Скопје денеска информира дека поднеле кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице – Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите обврски за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух. Пет дена рок доби цементарница „Усје“ да го замени мазутот со гас Имено... Читать дальше...

Пич: Ни Србија, ни Косово не треба да го сметаат спроведувањето на договорите како отстапки

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич изјави дека ниту Косово ниту Србија не треба да гледаат на спроведувањето на постојните договори како отстапка или закана за нивната позиција, туку како конструктивно и одговорно учество во дијалогот. Пич посочи дека двете страни треба да ги исполнат сите обврски преземени во текот на дијалогот и додаде дека една од нив е и Заедницата на српски општини (ЗСО). „Како ќе изгледа Заедницата кога ќе се формира е прашање на страните во дијалогот“, рече тој. Читать дальше...

Најстарата жена на светот, Французинката Андре, почина на 118-годишна возраст

SlobodnaEvropa.mk 

Француската сестра Андре, која беше најстарата жена во светот од април 2022 година, почина во сон во домот за стари лица во Тулон, јужна Франција. Ниту еден официјален орган не утврдува кој е најстариот човек на светот, но експертите се согласуваат дека сестра Андре била најстарата жива личност чиј извод од матичната книга е потврден. Гинисовата книга на рекорди ја призна и како носител на рекордот на 25 април по смртта на Јапонката Кана Танака на 119-годишна возраст. Таа веќе неколку години не го... Читать дальше...

Земјотрес со сила од 7 степени во Индонезија, жителите бегаат од зградите

SlobodnaEvropa.mk 

Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер ја погоди денеска провинцијата Северен Сулавеси во Индонезија, соопшти агенцијата за геофизика на земјата, додавајќи дека нема потенцијал за цунами. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, сепак, предупреди дека постои ризик од бранови од цунами лоцирани на 300 километри од епицентарот. Индонезиската агенција соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 64 километри, 141 километар југоисточно од градот Мелонгуане. Земјотрес со јачина... Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Дневната температура ќе се движи од 6 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 15 степени.

Бугарско МНР - Јавните изјави со кои се навредува Северна Македонија не се официјален став на Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Јавните изјави со кои се навредува или провоцира Северна Македонија се апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни и тие не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не можат да се толкуваат како такви, соопшти бугарското Министерството за надворешни работи. Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на бугарското МНР, Министерството ја потврдува својата категорична позиција оти политичарите и јавните личности од Бугарија и Северна Македонија имаат одговорна... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *