smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 19.01.2023

Покренато обвинение против Алек Болдвин за убиство од небрежност во пукање

SlobodnaEvropa.mk 

Актерот Алек Болдвин и специјалистот за оружје на филмскиот сет  ќе бидат обвинети за ненамерно убиство во фаталното пукање на кинематографер Халина Хачинс кој беше убиен на филмски сет во Ново Мексико. Во соопштеението од Обвинителството е наведено дека станува збор за „криминалното непочитување на безбедноста“.  Окружниот обвинител во Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис, објави соопштение во кое ги посочи обвиненијата против Болдвин и Хана Гутиерез Рид, кои го надгледуваа оружјето на сетот на „Раст“. Читать дальше...

Европскиот суд и пресуди на Хрватска поради пожарот во кој загинаа мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја прогласи Хрватска за виновна за кршење на човековите права на мигранти. Хрватска е прогласена за виновна за пожарот во притворот на границата со Србија, во кој животот го загубија тројца мигранти пред седум години, а четвртиот, Мароканецот Абделјалил Дараибу, кој ја поднесе тужбата, беше тешко повреден. Откако Европскиот суд за човекови права во ноември 2021 година пресуди дека Хрватска е одговорна за смртта на шестгодишната Мадина Хусина во област меѓу Хрватска и Србија во 2017 година... Читать дальше...

Сопругата на новинар на РСЕ во Белорусија осудена на затворска казна поради изјава

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во западниот белоруски град Брест ја осуди на две години затвор Дарја Лосик, сопругата на затворениот новинар на РСЕ, Ихар Лосик, под обвинение за  екстремистичката активност во Белорусија. Судот ја изрече пресудата еден ден по почетокот на судењето, а казната беше токму она што ја побара обвинителот. Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека обвинението против Дарја Лосик произлегува од интервјуто кое таа го дала за полскиот телевизиски канал Белсат, кој Минск официјално го означи како екстремистичка група. Читать дальше...

Дождот предизвика поплави во некои општини на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку градови во Косово се соочуваат со поплави како последица на обилните дождови. Најпогоден од поплавите според информациите е градот Скендерај, каде локалните власти прогласија вонредна состојба. Директорот на Дирекцијата за јавни услуги во овој град, Албан Шала за Радио Слободна Европа изјави дека реката Клина и дел од нејзините краци се излеале што предизвикало поплави во десетина села од оваа општина. Бројни екипи и групи граѓани помагаат за евакуација на граѓаните кои се во опасност од поплави. Читать дальше...

Најмалку 15 ерменски војници загинаа при пожар

SlobodnaEvropa.mk 

Во ерменската воена касарна избувна пожар при што петнаесет војници загинаа, а уште тројца се повредени и во критична здравствена состојба. Во соопштението на ерменското министерство за одбрана утрово е наведено дека се уште не се јасни причините за пожарот кој настанал во селото во источната ерменска провинција на стотина километри од главниот град Ереван. Истрагата е во тек. Селото во кое изби пожар е дел од Азербејџан, но е под контрола на етничките ерменски сили поддржани од Ерменија по завршувањето... Читать дальше...

Студот во Авганистан уби над 70 луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанските власти во Авганистан соопштија дека најмалку 78 луѓе меѓу кои и и неколку деца  загинале во студениот бран што ја зафати Азија, во кој температурите паднаа на најниско ниво во повеќе од една деценија. Министерството за управување со катастрофи на Талибанците на 19 јануари соопшти дека смртните случаи поради студот се регистрирани во осум провинции од 34 во последните осум дена, додека околу 77.000 добиток исто така угинале, што претставува закана за и онака кревката безбедност на храната во земјата. Читать дальше...

ЕУ ги повика Косово и Србија да го почитуваат договорот

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија (ЕУ) ги повика Србија и Косово целосно и безусловно да го почитуваат договорот и резолуцијата за регистарските таблички од минатата година и да се воздржат од какви било дејствија што би можеле да ја дестабилизираат ситуацијата. По интервенција на меѓународната заедница, Косово во ноември се откажа од пререгистрацијата на возилата со ознаките издадени од Србија за градовите во Косово. Србија вети дека повеќе нема да издава нови регистарски таблички. „Договорот вклучува Косово... Читать дальше...

„Летните тераси“ ги избркаа непушачите од рестораните и кафулињата

SlobodnaEvropa.mk 

Додека светот ги затега забраните за пушење, во Македонија чадот од цигарите го има насекаде. Откако пред пет години беше либерализиран законот за забрана на пушењето, тоа се дозволи и на затворените летни тераси на угостителските објекти. Минатата недела инспекторите пишале 56 казни за пушење.



Трета среќа од осум обиди за Ниневски кој го фати крстот

SlobodnaEvropa.mk 

Положениот крст во осветен Вардар годинава го фати скопјанецот Кристијан Ниневски. Тој вели дека за него ова е трета среќа од осум обиди. Православните верници денеска го слават празникот Богојавление. Празникот се нарекува уште и Водици поради осветувањето на водите на овој ден. Годинава околу 130 верници се пријавени за фаќање на крстот во Скопје Васко Довлев од Варош беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во Охридското Езеро и го извади осветениот крст. Читать дальше...

Дождовите во југозападна Србија предизвикаа излевање на дел од помалите реки

SlobodnaEvropa.mk 

Три реки во југозападниот дел на Србија почнале да се излеваат од речното корито. Станува збор за реките Рашка, Јошаница и Трнавица во градот Нови Пазар. Раководителот на Секторот за вонредни ситуации и одбранбени работи на Град Нови Пазар, Исмаил Дупљак за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека нивото на водата е толку високо што во одредени делови се реките се израмнети со брегот. „Рашка река се излеа на повеќе локации во населените места Селаковац и Луг и на неколку други локации од утрово... Читать дальше...

Казахстанскиот претседател распиша нови предвремени избори

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев го разреши Долниот дом на парламентот, Мажилис. Во соопштението од неговиот кабинет е наведено дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 19 март годинава. Ваквото соопштение на Токаев доаѓа на само  два месеци по одржувањето на предвремените претседателски избори во централноазиската земја на кои се консолидираа неговите овластувања по невидените антивладини протести кои станаа смртоносни во јануари 2022 година, а кои ги ослабнаа позициите на неговиот претходник... Читать дальше...

Пендаровски на дипломатскиот дијалог за Западен Балкан дел од Светскиот економски форум во Давос

SlobodnaEvropa.mk 

Предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан, одржување на стабилноста, создавање на услови за поттикнување на економски раст и неопходноста за решавање на замрзнати спорови, се дел од темите на кои дискутираа лидерите од земјите учесници на Светскиот економски форум во Давос на сесијата посветена на дипломатскиот дијалог посветен на Западен Балкан. Во соопштението од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски кој е учесник на форумот во Давос, се наведува дека имајќи го предвид новиот геополитички контекст... Читать дальше...

Премиерката на Нов Зеланд поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата што ја извршува до 7 февруари, затоа што како, што вели ги исцрпила своите сили. При потврдувањето на националните избори во октомври, Ардерн рече дека нема моќ повторно да се кандидира и дека не може да го продолжи лидерството. Таа најави дека ќе поднесе оставка од лидерската функција во Лабуристичката партија и дека во наредните денови најдоцна до 7 февруари ќе се гласа за утврдување на нејзината замена. Читать дальше...

Место да зголемат плати, кукаат дека странци ќе им ги земат работниците

SlobodnaEvropa.mk 

Бизнисмените се исплашија од новата канадска инвестиција во Штип. Се жалат дека ќе им ги преземе работниците и оти властите треба да спречат ваква конкуренција на пазарот на труд. Место да се жалите, пробајте со поголеми плати, може нема ви бегаат, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Македонските политичари со пораки до граѓаните за Водици

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во честитката до граѓаните кои го прославуваат христијански празник Богојавление – Водици, со желби за здравје, радост и бериќет. Тој во пораката наведе дека чинот на фрлање на светиот крст и годинава ќе не собере покрај македонските води за заедно да го посведочиме јавувањето на Бог и да ги наполниме срцата со надеж и верба. „Симболиката на прочистените води нека ни биде мотив за духовно прочистување и инспирација за добри дела. Да негуваме разбирање слога и човекољубие... Читать дальше...

Западен Балкан и нарко-бизнисот: Доза за младите, биткоини за шверцерите

SlobodnaEvropa.mk 

Количините на запленета дрога се намалуваат, нарко-пазарот се дигитализира и модернизира, а мрежите и групите од Западен балкан се битен дел од нарко-бизнисот во Европа, покажува извештајот на Европскиот центар за следење на дрога објавен на крајот на 2022. Подготвил Емил Златков

Косово ја обвини Србија за прекршување на договорот за регистарските таблички

SlobodnaEvropa.mk 

Косово нема да дозволи влез ни движење на автомобили означени со КМ српски  регистерски таблички издадени по декември 2022 година. Ова го изјави косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свецла на 18 јануари, обвинувајќи ја Србија за прекршување на договорот постигнат во ноември за спорно прашање за регистарски таблички на автомобилот. Свецла потврди дека на некои автомобили со кратенката КМ, што означува градот Митровица во северно Косово, на нивните регистарски таблички не им бил дозволен... Читать дальше...

Затворени дел од улиците во Скопје поради Водици

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку сообраќајници во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром денеска ќе бидат затворени поради манифестациите за верскиот празник Водици, информира Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје. Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 08:00 часот до завршување на манифестацијата, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ до крстосницата со ул.„11 Октомври“ во двете насоки. Читать дальше...

Временска прогноза – Променливо облачно и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер. Максималните температури ќе се движат од 6 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во главниот град ќе се искачи до 14 степени. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *