smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 27.01.2023

Пендаровски: Одредени субјекти во Бугарија го искористија случајот со Пендиков за политички цели

SlobodnaEvropa.mk 

Одредени политички субјекти во Бугарија, локалниот инцидент во Охрид се обидуваат да го стават во политички контекст и да го политизираат за да добијат политички поени на краток рок, смета претседателот Стево Пендаровски. „Јас можам да разговарам за моето соопштение во кое направив неколку елементи, следејќи го соопштението на ОЈО Охрид. Прво, осудив чин на насилство, кој е наспорен, бидејќи дечкото има тешки телесни повреди. Второ, кажав дека е секретар на клубот на Бугарите во Охрид, затоа што ОЈО Охрид тврдеше дека така почнал инцидентот... Читать дальше...

Нема одлука за влез на Алијанса за Албанците во Владата, формиран е тим за преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Алијанса за Албанците формира тим кој ќе преговара за евентуалното влегување на партијата во Владата, беше соопштено по вечерашната средба на партиското претседателство во Тетово. Лидерот на АА, изјави дека денеска и во деновите од викендот ќе се прецизира стратегијата со која ќе настапат во преговорите, кои ќе бидат нивните барања и приоритети, а потоа и за кадровските решенија. Таравари најави дека во меѓувреме ќе организира и внатрепартиски референдум на кој, како што наведе, 11.500 партиски членови ќе можат да го искажат своето мислење. Читать дальше...

САД воведоа санкции за радикалите Радета и Јојиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Американски Држави воведоа санкции за членовите на Српската радикална партија и поранешните пратеници во српското Собрание, Вјерица Радета и Петар Јојиќ, поради нивната вмешаност во корупција, објави американскиот Стејт департмент на 27 јануари. „Додека беа пратеници во српскиот парламент, Радета и Јојиќ ги поткупуваа и заплашуваа сведоците на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија со цел да ги одвратат од изнесување инкриминирачки докази против лидерот на Српската радикална партија... Читать дальше...

Курти за РСЕ: Предупредени сме за можноста за намалување на меѓународната поддршка

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека добил предупредувања за можноста за намалување на поддршката од Западот, доколку Косово не биде конструктивно во однос на преговорите со Србија. Сепак, тој изрази уверување дека Косово се покажува како конструктивна страна во овој процес. Курти во интервју за Радио Слободна Европа вели дека не бил поканет на средбата што ќе ја организира Американската амбасада во Приштина на 31 јануари, а на која ќе се разговара за создавање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово. Читать дальше...

Маричиќ: Заострувањето на односите меѓу Софија и Скопје нема да го попречи процесот на уставни измени

SlobodnaEvropa.mk 

Најновото заострување на односите меѓу Софија и Скопје нема да го попречи отворањето на процесот на уставни измени, вели во интервју за ТВ Телма вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, според кого институциите реагираа, а политичарите го осудија претепувањето на Христијан Пендиков во Охрид по што, Северна Македонија и Бугарија треба да го чуваат пријателството. Во таква атмосфера, вели тој, би требало во скоро време да бидат и формулирани уставните измени. „Секако дека не е пријатно... Читать дальше...

Ковачевски-Донев: Мирно и непречено чествување на роденденот на Делчев, санкции за секој кој ќе ја наруши безбедноста

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерите на Бугарија и на Северна Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, денеска имале телефонски разговор за актуелните случувања во односите меѓу двете земји. „Премиерот Ковачевски во разговорот со техничкиот премиер Донев потенцираше дека Република Северна Македонија, согласно уставното уредување гарантира остварување на правата на секој граѓанин кој живее во државата. Во контекст на случувањата и претстојното чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, беше потенцирано дека активностите на поединци... Читать дальше...

Ѓоковиќ вели дека сликите од неговиот татко биле „погрешно протолкувани“

SlobodnaEvropa.mk 

Тенисерот Новак Ѓоковиќ изјави дека фотографијата на која неговиот татко со неговите фанови го држи руското знаме е „погрешно протолкувана“ и дека се надева дека сепак ќе може да присуствува на финалето на Австралија опен. Претходно денеска таткото на Ѓоковиќ објави дека „сака само мир“ и дека „нема намера да предизвикува немири“. Тој не присуствуваше на победата на неговиот син во полуфиналето на Мелбурн Парк. „Видов како што сите други видоа што се случи и штета е што погрешното толкување на она што се случи ескалира на толку високо ниво.

Софиското обвинителство поведе предистрага за закани против Пендиков

SlobodnaEvropa.mk 

Окружно јавно обвинителство на Софија поведе предистражна постапка поради закани по животот упатени кон Христијан Пендиков, кој беше повреден во инцидентот пред угостителски објект во Охрид на 19 овој месец. Како што информира портпаролката на Јавното обвинителство, Сијка Милева, Пендиков поднел пријава до Генералната дирекција за борба против организираниот криминал (ГДБОП) при бугарското Министерството за внатрешни работи дека во објава на социјална мрежа „му била упатена заканувачка порака на македонски јазик“... Читать дальше...



Едно лице загина во амбасадата на Азербејџан во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Еден службеник за безбедност загина, а двајца чувари се ранети кога напаѓач вооружен со автоматска пушка упадна во амбасадата на Азербејџан во главниот град на Иран, Техеран. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го нарече нападот на 27 јануари „терористички чин“, а Баку брзо објави дека го евакуира персоналот на амбасадата, обвинувајќи го Иран за инцидентот.  „Напаѓачот го пробил стражарското место, убивајќи го шефот на обезбедувањето со автоматска пушка „Калашников“, соопшти азербејџанското Министерство за надворешни работи. Читать дальше...

Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Со 143 гласа „за“ и 156 „против“, грчкиот Парламент го отфрли предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада. За пад на Владата на Мицотакис, потребно беше предлогот на СИРИЗА да добие гласови од најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот. Владејачката Нова демократија има 156 пратеници и сите беа против предлогот за недоверба на Владата. Ципрас предложи гласање недоверба за владата на Мицотакис На гласањето му претходеше тридневна расправа и говори на лидерите на сите политички партии... Читать дальше...

Нетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кога им се оддава почит на сите што беа убиени од нацистите и нивните соработници, на денот на ослободувањето на Логорот на смртта Аушвиц пред 78 години изјави: „Ветуваме дека ова никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ. Разликата сега е во тоа што еврејскиот народ ја има државата Израел. Израел се штити себеси. Ние сме силна и енергична нација и изградивме силна држава која нема да дозволи... Читать дальше...

Милков: Софија со нота ќе бара од Скопје безбедност за Бугарите за годишнината од раѓањето на Делчев

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарското Министерство за надворешни работи ќе испрати нота до Скопје со барање да се гарантира безбедноста на Бугарите кои на 4 февруари ќе отпатуваат во Северна Македонија за одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, најави денеска шефот на бугарската дипломатија Николај Милков. „Клучно во моментов е да се обезбеди спокојство за Бугарите таму. Сакаме да постигнеме деескалација на тензиите“, додаде Милков. Тој најави дека за таа цел ќе претстои и телефонски разговор меѓу премиерот... Читать дальше...

Пациентите со цистична фиброза молат за нов лек, додека во регионот секаде го има

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија е единствена земја во регионот која не ја обезбедува терапијата која ја бараат пациентите со цистична фиброза. Лекот трикафта се дава во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, додека македонските пациенти чекаат на калкулациите што ги прави Министерството за здравство и Владата

Вработените во МКЦ ја демантираат градоначалничката и обвинуваат за притисоци врз нив

SlobodnaEvropa.mk 

На клевети, сериозни притисоци , распити и мобинг врз вработените , паушално толкување на законите и документите како и оградување од надлежности, се проблемите кои ги посочија вработените во Младинскиот културен центар по вчерашната прес конференција на градоначалничката Данела Арсовска за случувањата во МКЦ. Програмските уредници испратија и порака до надлежните институции. „Веќе четврта година сме мета на јавни обвинувања и подметнувања, разни финансиски полиции, ревизии, контроли и судови. Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето. Читать дальше...

Приведени пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка

SlobodnaEvropa.mk 

Дваесет и петгодишен велешанец преку „Инстаграм“ запознал четиринаесетгодишно девојче, кое под закани и уцени, го принудувал да оди во станови што биле изнајмувани на повеќе локации во Велес, на средби со други машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци и во таква состојба вршеле полови дејствија врз девојчето иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе. По спроведена истрага за случајот приведени се пет лица и против нив е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. Читать дальше...

Од 1300 километри, Ковачевски може да се пофали со нови 13 километри пат

SlobodnaEvropa.mk 

Незавршени, и неставени во употреба патишта, како и локални улици се дел од листата на Владата за изградени нови 1300 километри патишта. За време на владеењето на премиерот Ковачевски, нов е само експресниот пат Крупиште-Кочани, а на останатите километри патишта е извршена реконструкција.

Министерот Спасовски повика да не се блокираат патишта и на мирно и достоинствено чествување

SlobodnaEvropa.mk 

„Нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повикот на социјалните мрежи упатен до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје. „Апелирам до сите на едно мирно, достоинствено чествување, а државата, МВР и безбедносните служби се тука да направат се и да обезбедат мирни услови“... Читать дальше...

Ракети истрелани од Појасот Газа, израелската армија возврати со воздушни напади

SlobodnaEvropa.mk 

Екстремистите во Појасот Газа истрелаа ракети врз Израел по што израелската војска изутрината започна воздушни напади во услови на зголемени тензии по вчерашниот израелски напад на окупираниот Западен Брег во кој загинаа девет Палестинци, меѓу кои една постара жена и седум екстремисти. Уште еден Палестинец беше убиен вчера во одделен инцидент. Од петте ракети истрелани кон Израел, три биле пресретнати, едната паднала на отворен простор, а другата паднала во Газа, соопшти израелската армија. Цели... Читать дальше...

Алијансата за Албанците формира преговарачки тим за влез во Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателството на Алијанса за Албанците денеска ќе одржи седница во Тетово посветена на политичките случувања во земјава, на чиј дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на тим што ќе ги води преговорите за влез во Владата. Денешната седница доаѓа по заседанието на Централното собрание на Алијанса за Албанците (АА) одржано во саботата во Куманово, на кое беше донесена одлука Претседателството да формира тим кој ќе разговара за евентуално вклучување на партијата во Владата. Читать дальше...

Некултурен натпревар меѓу народите

SlobodnaEvropa.mk 

Њузлетер 27.01.2023 - Како и зошто дојде до толкаво заострување на македонско - бугарските односи? Кому е од интерес разгорување омраза меѓу двата народа?

ЕУ разгледува механизми за враќање на мигрантите со нерегуларен статус

SlobodnaEvropa.mk 

Европските министри за внатрешни работи ја изразија својата намера да го зголемат темпото на враќање на лицата во нерегуларен статус во нивните земји на потекло, а доколку е потребно, да се ограничи издавањето визи за граѓаните на „некооперативните“ земји. „Гледаме дека бројот на нередовни пристигнувања се зголемува. Враќањето на оние на кои им е одбиен азил во Европа е многу важно прашање“, рече шведската министерка задолжена за миграција, Марија Малмер Стенергард, чија земја е актуелна претседавач на Европската Унија. Читать дальше...

Времето денеска: претежно облачно со локални врнежи од снег и дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од минус 1 до 5 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 5 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *