smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Март
2021

Новости за 18.03.2021

Нови рочишта за „Меѓународен сојуз“ и „Организаторите на 27 април“

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд Скопје денеска е предвидено ново рочиште за предметот „Меѓународен сојуз“. Судијката Софче Ефремова на последното рочиште за овој предмет најави дека денеска треба да сведочат Јордан Камчев и Агапи Дика. Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“... Читать дальше...

САД ги проширија рестрикциите против Русија поради труењето на Навални

SlobodnaEvropa.mk 

САД ги проширија рестрикциите спрема руски експерти кои беа воведени неодамна како казна за труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Американското министерство за трговија соопшти дека новите мерки, кои стапуваат во сила денеска, ќе спречат продавање на Русија на повеќе предмети кои се контролирани заради националната безбедност. Таквите ставки ќе вклучуваат технологија, софтвер и делови. САД и ЕУ со санкции за Русија поради Навални „Со распоредување на нелегални нервни агенси против неистомислениците... Читать дальше...

Груби во Приштина на разговори за пописот во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Пописи во Западен Балкан- статистичка или политичко-етничка операција? Како што соопшти неговиот кабинет, Груби во Приштина ќе има средба со лидерите на тамошните политички партии, Вјоса Османи, Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај, како и со претседателот на здружението „Балкански сираци“, Халил Кастрати. Тема на разговор... Читать дальше...

Црна Гора бара помош од ЕУ за отплата на кинески кредит

SlobodnaEvropa.mk 

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ побара помош од Европската унија за отплата на кредитот што Црна Гора го зеде од кинеска банка за изградба на првиот дел од автопатот Бар-Болјари. Тој пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент изјави дека голем проблем е долгот кон Кина. „Ве молиме, помогнете ни да ги вратиме тие пари, да го размениме тој заем за заем со европска банка, да склучиме соработка со европска финансиска институција и да ставиме крај на кинеското влијание“, нагласи Абазовиќ. Читать дальше...

Меѓународна конференција за мировниот процес во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Русија денеска е домаќин на конференција за унапредување на мировниот процес во Авганистан, со учество на високи делегации на Талибанците и на авганистанската влада, како и на САД, Пакистан и Кина. Состанокот доаѓа еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека ќе биде тешко за САД да го испочитуваат рокот утврден со договорот меѓу Вашингтон и Талибанците за повлекување на американските сили до 1 мај. Овој договор беше потпишан лани, за време на последната година на администрацијата... Читать дальше...

Времето облачно со снег на повисоките места

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде умерено до повремено значително облачно. Преку денот на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Од крајот на денот од југ ќе се прошири облачност со повремени врнежи кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места. Максималните дневни температури ќе се движат од 3 степени во Маврово до 14 во Гевгелија.

Русија го повика својот амбасадорот во САД на консултации

SlobodnaEvropa.mk 

Веќе напнатите односи меѓу Русија и Соединетите Држави стануваат уште потензични, откако претседателот Џо Бајден сугерираше дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро „ќе плати цена“ за наводно мешање во изборите во САД, а  Русија го повика својот амбасадор во Соединетите држави назад во Москва на консултации. Во интервју за Еј-Би-Си Њуз емитувано денеска, Бајден рече дека верува оти Путин е убиец кој нема душа и наскоро ќе „плати цена“ за обидот да се меша во претседателските избори во ноември минатата година. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *