И приватните лекари бараат „Мој термин“
Ова се дел од мерките и барањата кои денеска на прес-конференција ги презентираше д-р Борислав Јосифовски, член на Управниот одбор и претставник на приватните здравствени установи во Сојузот на стопански комори на Македонија, а кои, како што посочи, ќе го подобрат работењето на приватните здравствени установи.
Според него, се што има во јавното здравство треба да се преслика во приватното здравство, во кое треба да се воведе и системот за електронски евиденции во здравството „Мој термин“.
