Добавить новость
smi24.net
World News
Ноябрь
2018

Избран новиот претседател на Интерпол

0
Ким Џонг Јанг од Јужна Кореја е избран за нов претседател на Интерпол. Негов противкандидат беше Русинот Александар Прокопчук на чиј избор остро се противеа САД, Велика Британија и други европски земји. Мандатот на претседателот е две години.


Критичарите на Кремљ и западните земји се противеа на изборот на рускиот генерал Прокопчук, кој сега е потпретседател на Меѓународната полициска агенција. Тие сметаа дека тоа би било опасно, со оглед на обвинувањата дека Москва ги користи процедурите на Интерпол за прогон на политичките противници.


Ким Џонг Јанг досега беше в.д. претседател на Интерпол, откако поранешниот претседател Менг Хонгвеи од Кина исчезна во септември кога беше во посета на родната земја. Кинеските власти подоцна соопштија дека тој поднел оставка, откако бил обвинет за примање мито.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *