Статус кво по ИПАРД аферата: Компании сѐ уште чекаат исплати
Парите од ИПАРД сѐ уште се стопирани поради истрагата за поткуп. Роковите за исплата на компаниите се ближат, а институциите не прецизираат кога ќе се одблокираат парите. Истрагата во ОЈО е во тек, а проверките на апликациите сѐ уште се спроведуваат заедно со Европската комисија.
