Путин соопшти дека воспоставил лични односи со Трамп
Личните односи со претседателот на САД Доналд Трамп можат да се сметаат за воспоставени, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на прес-конференцијата по завршувањето на самитот на Г-20.
„Што се однесува до личните односи, сметам дека се воспоставени“, изјави Путин во саботата, одговарајќи на прашањето на „Интерфакс“.
Путин раскажа за средбата со Трамп
Рускиот претседател истакна дека „Трамп од телевизија многу се разликува од реалниот човек“.
„Тој е апсолутно конкретен, адекватно го перципира соговорникот, брзо анализира, одговара на поставени прашања и на елементите кои се појавуваат во текот на дискусијата“, изјави Путин.
„Ми се чини дека доколку ги градиме нашите односи како што помина нашиот разговор вчера, тогаш постојат сите основи за претпоставка дека ќе успееме барем делумно да го обновиме степенот на соработка кој ни е потребен“, додаде рускиот претседател.