Претплатник тужи руски мобилен оператор за 30 милијарди рубли
За обидот на жителот на Тамбовската област Алексеј Мелехов да добие отштета во износ од 30 милијарди рубли од мобилниот оператор МТС (повеќе од 431 милиони евра) се вели во извештајот на операторот за II квартал на 2017 година.
МТС ја сместила тужбата во „судски процеси чиј резултат може значително да се одрази на финансиско-стопанското работење“ на компанијата, пренесува „Ведомости“.
Москва со 5G мрежа до 2020 година
Мелехов се суди со операторот повеќе од една година, следува од материјалите на Тамбовскиот областен суд.
Мелехов бил претплатник на пакетот „Smart 022015“ за 450 рубли месечно (околу 400 денари): пакетот вклучува 3 ГБ интернет, 500 бесплатни СМС-пораки и 500 минути бесплатни повици. Кога пакетот услуги во рамките на претплатата ќе заврши, претплатникот плаќа по 1,50 рубли за секоја минута појдовен повик.
Месечниот надомест и новиот пакет бесплатни минути Мелехов ги добивал секој 22 во месецот. Но, на 22 јуни 2016 година, според тужителот, МТС незаконски му одбила 6 бесплатни минути вклучени во претплатата.