Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Почна судењето за убиството на Никола Саздовски

0
Во Кривичниот суд во Скопје денеска започна судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски. Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со 19-годишниот Јетон Љужа, кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид во Автокоманда.


Тие му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако им ја покажал, неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите, нанесувајќи му тешки телесни повреди, од што паднал во кома. Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули почина на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.




Основното јавно обвинителство за смртта на Никола Саздовски, тројцата обвинети ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“. Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Шутка“, а за третиот осомничен кој сè уште е недостапен распишана е домашна и меѓународна потерница.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *