Ципрас - Договорот од Преспа ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент
Ципрас во обраќањето до граѓаните рече дека 2019 ќе биде година на големо надградување на меѓународниот углед и меѓународната улога на Грција, на европско и меѓународно ниво, „како сила на стабилност, мир и соработка во поширокиот дестабилизиран регион“.
„Во овој обид, важен чекор е Договорот од Преспа, кој ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент, затворајќи еден непродуктивен 30-годишен циклус на неактивност, што многу ја чинеше нашата татковина. Со ратификацијата на Договорот, Грција конечно го заштитува големото културно наследство и грчкиот карактер на Античката Македонија, и во исто време ја обезбедува својата водечка улога во поширокиот регион на Балканот“, рече грчкиот премиер во неговото обраќање до граѓаните.
