Денеска сончево, од утре многу студено и со снег
Висината на снежната покривка до седум часот е 13 сантиметри на Попова Шапка, девет во Маврово и Крушево, како и пет во Лазарополе.
Под влијание на студен и влажен бран од утре попладне и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и многу студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, особено на планините (над 40 сантиметри). Заради ниските температури ќе има појава на голомразица, а засилениот ветер на места ќе предизвика снежни наноси.
