Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2019

Лукашенко ѝ се заканува на Русија

0
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска ја предупреди Русија дека би можела да изгуби сојузник ако не понуди компензација за зголемените цени на нафтата.


Москва и Минск имаат спор за енергенсите кој може да ги расипе односите меѓу двата соседи и сојузници.


Лукашенко наведе дека одбивањето за надоместок на Русија може да доведе до „губење на единствениот сојузник на западот“.


Белорускиот лидер, кој владее со земјата скоро 25 години, се потпира на заемите и на евтините енергенси од Русија. Белорусија извезуваше евтини производи благодарение на евтината руска нафта, а поради одлуката на Москва за зголемување на цените на суровата нафта, Минск би можел да изгуби милијарди долари приходи.


Лукашенко им нареди на функционерите да најдат алтернативни извори на приходи.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *