ЕУ - Атина и Скопје испишаа нова страница на нашата заедничка ЕУ иднина
„Од самиот почеток ЕУ силно го поддржа историскиот договор потпишан од премиерите Ципрас и Заев под водство на ОН. Потребна беше политичка храброст, лидерство и одговорност од сите страни за да се надмине еден од најтешките спорови во регионот. Двете земји ја искористија оваа уникатна прилика која дава пример за помирување во цела Европа и ќе донесе дополнителен поттик за европската перспектива на регионот“, се вели во соопштението.
Хан, Могерини и Јункер истакнаа дека ги чекаат следните процедурални чекори во спроведувањето на договорот.
„Но веќе можеме да кажеме со сигурност дека денеска Атина и Скопје, заедно, испишаа нова страница во нашата заедничка ЕУ иднина“, наведуваат тие.
