Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Активни 7 пожари, 11 локализирани

0
Од Дирекцијата за заштита и спасување соопштија денеска дека седум пожари се активни во моментот во државата, а 11 се локализирани. Според дирекцијата, активни се пожарите во атарот на селото Норово, кај селото Јакреново, во атарот на селото Гостиражни, како и во селото Полчиште, а активен е пожарот меѓу селата Мренога и Вирово, потоа во селото Мокрени и кај селото Габровник.


Локализирани се пожарите кај месноста Петлец во атарот на селото Русиново, селото Владимирово, селото Врбоец, селото Пресека во близина на манастирот св.Богородица, кај селото Катлановска Сушица и кај Љуботенски бачила, а под контрола е ставен пожарот кај селото Цветово во општина Студеничани. Локализирани се и пожарите во реоните на селата Бајково и Бадилен, а под контрола се пожарите во селата Луковица и Седларево.


Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека денеска во Центарот за управување со кризи е одржан состанок со сите раководители на регионалните центри за управување со кризи на кој се разгледани предизвиците и слабостите со кои се соочуваа институциите на системот за управување со кризи при справување со пожарите.


Во наредниот период, информираат оттаму, ќе се преземат соодветни мерки и активности за навремено координирање и ефикасно справување со шумските пожари.



 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *