Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Тимошенко нема да ги оспори резултатите од изборите

0
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која не успеа да се квалификува за изборите во вториот круг од претседателските избори а  официјалните резултати ја позиционираа  на третото место во првиот круг, рече дека верува оти гласањето е "лажирано", но нема да ги оспори резултатите на суд. Тимошенко на прес-конференцијата во Киев денеска изјави дека изборите на 31 март -  на кои победи  комичарот Володимир Зеленски, а втор беше актуелниот претседател Петро Порошенко, биле  "борба меѓу доброто и злото". 


"Триесет и девет кандидати беа регистрирани со цел да се распрснат гласовите ... Исто така, беше регистрирано лице со исто презиме како и моето", рече таа.


Централната изборна комисија на Украина (ЦИК) на 2 април објави дека по пребројување на  98 проценти од гласовите, Зеленски победил освојувајќи 30,24 отсто, а Порошенко 15,93 отсто. Тимошенко освои 13,39 проценти и е натретото место.  И покрај обвинувањата на Тимошенко, за фалсификат на изборите таа додаде дека нема да ги оспори резултатите, велејќи дека го почитува изборот на народот.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *