Партијата на Ердоган поднесе жалба за гласањето во Истанбул
Турските медиуми вчера објавија дека владејачката партија ја изгуби власта во Анкара, првпат од нејзиното формирање во 2001 година. Истанбул е најголем град во Турција и трипати поголем од Анкара. Ердоган својата политичка кариера ја почна како градоначалник на Истанбул.
