Милошоски: СЈО да нема повластен статус
Прашан дали ќе попуштат во нивните барања, Милошоски одговори дека процесот е раководен од министерството за правда, а власта и коалиционите партнери се тие кои треба да создаде атмосфера за компромис и наоѓање заедничко решение што Парламентот би го изгласал со консензус.
Тој изрази надеж дека министерката ќе успее да ги убеди сите чинители во процесот и ќе се стигне до заеднички компромис што нема да отстапува од позитивните прописи во земјата и од судската пракса во Судот во Стразбур.
