Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Се враќаат аудио-касетите

0
На нив се сеќаваат генерациите од 80-тите и од 90-тите, а новите генерации кои сега знаат за мемориски стикови и екстерни хард-дискови, допрва ќе ги запознаат. Аудио-касетите се враќаат во мода.


Француската компанија Мулан отвори нова фабрика за производство на касети по порастот на побарувачката за овој ретро носач на звук од страна на уметниците, меѓу кои и Аријана Гранде и Џастин Бибер. „Reputation“ на Тејлор Свифт, „4:44“ на Џеј Зи, „Lust For Life“ на Лана дел Реј, како и музиката од филмот „Чувари на галаксијата“ се понудени на касета и во цеде-формат и се продаваат одлично.


Компанијата Мулан и пред 20 години правеше аудио-касети, а сега ќе произведува аналогни аудиокасети под трговската марка „Рекординг д мастерс“. Нејзиниот директор Жан Лук Рено е оптимист.


„Земете го за пример греењето: имате радијатори дома. Удобно е, дигитално - но имате можност и да се греете на добар оган. Целта е задоволството. Тоа е касетата или винилот“, вели Рено.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *