Меркел: Спречување на хаотичен Брегзит е во интерес на сите
Меркел планира да ја посети Ирска утре, каде што ќе разговара, меѓу другото, и за прашањето на границите на земјата со Северна Ирска, што е едно од најкомплицираните прашања во процесот на британско повлекување од ЕУ.
"Овие решенија мора да се најдат во самата Велика Британија, се разбира. Гледате дека има многу интензивни напори, но може да се види дека постојат многу различни идеи", изјави Меркел по состанокот со регионалните власти во источна Германија.
