Турција бара македонските институции да преземат мерки против приврзаниците на Ѓулен
„Имаме нови моменти со кои се соочуваме и се надевам дека во наредниот период ќе се преземат конкретни мерки за и двете земји да се ослобoдат од оваа терористичка организација, бидејќи таа им штети и на односите меѓу двете земји. На некој начин го саботира и нашето пријателство и братските односи кои што ги имаме. Имаме имиња на некои од главните лица поврзани со оваа организација, кои се споделени меѓу институциите на двете земји. Јас сум длабоко убеден дека во наредните денови, институциите на Северна Македонија ќе превземат мерки околу тоа“, изјави Хулуси Акар, министер за одбрана на Турција.
Коментирајќи ја изјавата на турскиот колега, Шеќеринска рече дека односите меѓу двете земји се одлични и ќе се бара решение на овој проблем и прашањето кое е важно за Турција. За очекувањата на Анкара во наредните денови македонските власти да преземат акции против лица од организацијата Фето, Шеќеринска изјави дека не било разговарано за денови.
