Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Косово ангажира британски експерти за преговорите со Србија

0
Пратеникот на Социјалдемократската партија (ПСД) во косовското Собрание, Фрашер Красниќи објави дека Преговарачкиот тим на Косово за дијалогот со Србија ангажирал двајца истакнати експерти од Велика Британија, кои треба да помогна во изготвувањето платформа за преговорите со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.


Според Красниќи, станува збор за Бен Емерсон, истакнат адвокат, кој бил известувач во Обединетите нации за борбата против тероризмот и Марк Велер, професор на Универзитетот во Кембриџ, со големо искуство во посредување во меѓународни спорови.


Објавата на Красниќи следува по извештаите во приштинските медиуми дека во косовскиот преговарачки тим се вклучени роднини на двајцата копретседатели на тимот, Шпенд Ахмети, кој е лидер на ПСД и на вицепремиерот и лидер на владејачката Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај.


“Преговарачкиот тим за создавање Државна платформа ангажира некои од најдобрите домашни и меѓународни експерти, меѓу кои и Марк Велер и Бен Емерсон. Неточна е, злонамерна и бескрупулозна тенденција за споредување на административниот тим на нашата екипа со експертите на Србија”, напиша Красниќи на својот Фејсбук.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *