Во вторник одлука дали ќе се прогласи епидемија на морбили во цела држава
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека бројките не се изненадување и дека епидемиолозите тоа го предвиделе. Тој вели дека се подготвени капацитетите на Инфективната клинка и еден оддел од детска болницата Козле.
„Кога вирусот е веќе тука, треба да изгори за епидемијата да спласне“, вели министерот.
В вторник Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе прогласат епидемија во цела држава. Надлежните апелираат луѓето да се вакцинираат.Од почетокот на епидемијата се регистрирани 960 случаи на заболени од морбили.
