Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Мирјана Марковиќ ќе биде погребана во Пожаревац

0
Урната со посмртните остатоци на Мирјана Марковиќ ќе биде поставена во гроб во Пожаревац оваа сабота, на 20 април, потврди нејзиниот син Марко Милошевиќ за телевизијата БК. Пожаревац е родното место на Мирјана Марковиќ и Слободан Милошевиќ.


Вдовицата на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ и некогашната претседателка на политичката партија Југословенска левица, Мирјана Марковиќ, почина во неделата, на 14-ти април во Русија, на 77 годишна возраст.


Таа беше во Москва од 2003 година, избегнувајќи на тој начин да се појави на суд во Србија, поради сомневањата за корупција, а во 2006 година доби политички азил во Русија. Српскиот Интерпол издаде меѓународна потерница за Мирјана Марковиќ во 2005 година, бидејќи таа не се појави на судењето за злоупотреба на службената положба.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *