Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Заев: Следната цел ми е да го посетам Макрон 10 пати пред одлуката на ЕУ

0
Ако е можно да го посетам претседателот Макрон 10 пати. Премиерот Руте и канцеларката Меркел, моите пријатели Алексис Ципрас и Бојко Борисов го направија тоа, затоа што пред мојата земја е важна одлука за отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ, одговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање од грчка новинарка, за тоа кои се следните цели, по посетата на папата Франциск.


„Тоа е втората важна цел за нашето општество, првата ја постигнавме, тоа беше членството во НАТО. Досега протоколот го ратификуваа веќе 12 земји, прва беше Грција. Целта е да се посветиме на Европската комисија, но и на европските лидери оти сите 28 земји-членки на ЕУ ќе одлучуваат ова лето за нашата земја. Периодот од 14 години е предолг да се чека пред вратите на ЕУ. Ние покажавме многу европски вредности, денеска на пример, со пречекот на папата, како и со последните избори. Ќе продолжиме да бидеме добар пример пред Западна Европа“, рече Заев.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *