Пендаровски за ЕРТ: Со Грција заедно ќе градиме иднина
„Овој резултат е јасна потврда на мнозинството граѓани и нивната волја да го поддржат Договорот од Преспа и второ ова мнозинство покажано на вториот круг на изборите е јасен глас на мнозинството за нашиот европски тек. Ние можеме да бидеме таму само поддржани од нашите грчки пријатели. И конечно преку Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави“, вели Пендаровски.
