Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Археолози тврдат дека пронашле влез во подземниот свет на Маите

0
Археолошки тим од полскиот Универзитет Јагиелонијан соопшти дека можеби пронашле „влез во подземниот свет“ на Маите, заедно со наоди за принесување човечки жртви. Наоѓалиштето е откриено на местото каде што се одиграла последната битка меѓу древните Маи и Шпанците во езерото Петен Ица во Гватемала.


Предводничката на тимот, Магдалена Крземиен тврди дека водата имала посебно симболично значење во митологијата на Маите.


„Тие верувале дека тоа е врата кон подземјето, светот на смртта – Сибалба, каде што живеат нивните богови, рече таа. Еден од артефактите, односно предметите кои Маите ги спуштале во езерото како дар за боговите, е посебен нож што најверојатно се користел за убивање на луѓето. Пронајдени се и керамички предмети, како и делови од камени скулптури, што најверојатно укажува на конечното уништување на цивилизацијата на Маите“, нагласуваат научниците. 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *