Честитки од САД за изборот на Пендаровски
Во соопштението од Стејт департментот се наведува дека тие го поздравуваат извештајот на ОБСЕ за претседателските избори во Северна Македонија.
САД, се наведува во честитката, се силен партнер на Северна Македонија и се надеваме на соработка со Стево Пендаровски и со сите политички партии во државата на патот Македонија да стане 30-тата членка на НАТО и на патот кон ЕУ.
