Интерпол не сака да ја објави меѓународната потерница за Груевски
Потерницата се однесува за предметот за насилствата во Собранието на 27 април, а Груевски е осомничен како организатор на настаните. Рускоска по конференцијата за борба против корупцијата посочи дека не добиле образложение од Интерпол зошто не ја објавуваат потерницата за Груевски како и за поранешниот началник во УБК Никола Бошковски, кој е исто така осомничен во случајот.
Меѓу осомничените во случајот се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот министер Спиро Ристовски и поранешниот спикер Трајко Вељановски. Рускоска претходно најави дека до крајот на мај ќе биде покренато обвинение за случајот.
