Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Притвор за работникот осомничн за убиство на својот шеф во тетовско

0
Триесет дена притвор доби работникот од тетовско село Јанчиште, кој е осомничен за убиство на својот шеф, сопственик на расадникот „Еуроплантс“, во тетовско Прељубиште, информираат од СВР Тетово.


По вчерашниот настан, работникот е приведен, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до обвинителството достави кривична пријава за убиство.


Судија во претходна постапка му одредил мерка притвор од времетрање од 30 денови, соопшти денеска СВР Тетово.


Според првичните податоци од увидот на местото и разговор со вработените, на убиството му претходела расправија и физичка пресметка. Работникот со камен неколку пати го удрел и го усмртил сопственикот на расадникот, кој бил Холанѓанец.


Холандскиот државјанин пред десетина години,како концесионер на имотот на агрокомбинатот Борец ја започнал работата на расадникот „Еуроплантс“.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *