ВМРО-ДПМНЕ остави метла за Богоевски пред Собрание
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека засега нема основа за постапка против пратеникот
Од Владата велат дека нема да се изјаснат за случајот со пратеникот Богоевски, оти тој е дел од законодавната власт. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вели дека по однос на поднесената пријава од пратеникот, може да кажат дека сите засегнати институции ќе постапат според прописот со цел расветлување на случајот.
Вчера беше објавена снимка на која се слуша гласот на Богоевски, по што тој на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин, туку масло од канабис на болен роднина. Потоа Богоевски сам се пријавил во полициската станица оти нарачувал масло од канабис, а поднел пријава и против непознат сторител за нелегално снимање и емитување на снимката.
