Собранието усвои три од законите што не ги потпиша Иванов
На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.
Ова се дел од законите кои беа усвоени во изминатиот период, но не стапија на сила поради непотпишувањето на указите од страна на Иванов, со образложение дека нема да потпише ниту еден закон со новото име на земјата.
