Тамара на осмо место на Евровизија,победи Холандија
Победник е претставникот на Холандија Данкан Лоренс со песната Аркада.
Тамара пееше осма по ред во финалето, а нејзини придружни вокали беа Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.
Македонија доби 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и долго време беше на првото место на табелата. На крајот заврши на осмото место.
Неколку минути по изведбата, Тамара сподели фотографија на својот Инстаграм профил
„Ова се само неколку од луѓето кои направија да се оствари мојот сон. Опкружете се со вистински луѓе и верувајте ми, секогаш ќе бидете горди (Proud)“, напиша Тодевска на својот профил.
На Евровизија настапи и поп легендата Мадона.
Премиерот Зоран Заев, на својот профил на Фејсбук напиша:
„Честитки за тимот на Тамара. Ние сме веќе горди на вас. Ајде да го подигнеме нашиот глас и да го смениме начинот на кој светот ја гледа силата на жените“
