Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Вонредни локални избори во северно Косово

0
Граѓаните на четири општини во северниот дел на Косово, каде што живее мнозинско српско население, избираат градоначалници.


Централната изборна комисија објави дека сите избирачки места биле отворени навреме. На првата прес конференција, ЦИК информираше дека процесот е во тек.


Портпаролот на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), Ваљмир Елелзи изјави дека, засега не е забележана никаква нерегуларност.


"Според информациите кои ги доби ЦИК, гласачките ливчиња и сиот друг изборен материјал е дистрибуиран според планираната процедура. Исто така, сите гласачки места се отворени во предвиденото време, во 7 часот"рече Елези.


На изборите во општините со мнозинско српско население, Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечане, учествуваат најголемата партија на косовските Срби, Српската листа , како и владејачката Демократска партија на Косово  и опозициското Движење Самоопределување.


Претседателот на Косово Хашим Тачи ги прогласи изборите во четирите општини на северот од земјата, откако тамошните градоначалници поднесоа оставки во знак на револт поради воведувањето на таксата од 100 отсто на увозот на српски производи.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *