АЕК достави предлог за поевтин роаминг со Грција
Првата година по влегување во сила на меморандумот, според предлогот, цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти, на појдовни повици во малопродажба за 77 проценти, а кај СМС за 69 проценти.
Од АЕК за МИА изјавија дека чекаат известување од грчкиот регулатор за електронски комуникации кога од нивна страна ќе бидат завршени националните процедури и ќе се исполнат предусловите за да може да се реализира најавата од потпишувањето на меморандумот на 19 февруари годинава од ресорните министри Никос Папас и Дамјан Манчевски
Според предлогот на АЕК, конкретно, од 1 јули малопродажната цена за MB ќе изнесува 0,70 евра. Појдовен повик од 1 јули треба да чини 0, 29 евра. Цената на испратени СМС пораки од јули годинава би чинела 0,09 евра.
.
