Американски нафтен гигант го повлекува персоналот од Ирак
Ирачкиот министер за нафта, Тамер Гадбан, изјави дека одлуката на Ексон Мобил е "неприфатлива и неоправдана" и дека "нема никаква врска со безбедносната ситуација или закани за нафтените полиња во јужен Ирак", додавајќи дека е " одлуката е политичка".
Вашингтон нареди зајакнување на американските воени средства за Блискиот Исток и Персискиот Залив, наведувајќи ги можните закани од Иран, а Стејт департментот, исто така, нареди евакуација на дел од персоналот од американската амбасада во соседен Ирак.
