Ердоган: Договорот за антиракетни системи со Русија ќе продолжи
"Нема апсолутно никакво сомнение дека Турција ќе направи чекор назад од купувањето на С-400. Тоа е склучен договор", рече Ердоган пред студентите од универзитетот во Истанбул.
Тој додаде дека сé уште очекува САД да и дозволат на Анкара да учествува во производство на борбени авиони Ф-35.
Вашингтон побара од Анкара да го откаже ракетен договор со Русија и да го суспендира учеството на Турција во програмата Ф-35.
