Заробени осум украински војници во Доњецк
Украинското министерство за одбрана претходно соопшти дека тројца војници биле повредени при прекршување на примирјето од страна на бунтовниците во изминатите 24 часа. Бунтовниците исто така ги обвинија украинските сили за прекршување на прекин на огнот. Од почетокот на конфликтот во источна Украина во 2014 година досега загинаа околу 13 илјади лица.
