Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Ципрас - Борисов: Балканот да биде регион на соработка

0
Во обраќање во бугарското село Кирково за време на стартувањето на изградбата на интерконекторот за природен гас на Бугарија и Грција, грчкиот премиер Алекцис Ципрас изјави дека со неговиот бугарски колега Бојко Борисов имаат визија Балканот од регион на конфликти, војни и нестабилност, да го претворат во регион на просперитет и соработка во корист на народите.


Ципрас рече дека успеле да свртат нова страница во двете земји со „долга историја на ривалство“ и оти изградиле длабок и повеќестран партнерски однос. 


„Убеден сум дека можеме да одиграме водечка улога во спроведувањето на оваа заедничка визија за Балканот и регионот. Бидејќи ова е единствениот пат за иднината на нашите народи“, рече Ципрас.


Ципрас истот така истакна дека Грција преку активната и мултидимензионална надворешна политика „што неодамна доведе и до историски договор со северниот сосед“, што отвора патишта за да се заврши поврзувањето на регионот, мирот и просперитетот за сите народи“ има за цел да ја зајакне улогата како столб на стабилност, мир и соработка во регионот, изјави грчкиот премиер. 


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *