Во автобуска несреќа во Русија загинаа двајца кинески туристи
Автобусот кој превезувал 43 кинески туристи паднал во клисура во близина на градот Усуриск, кој се наоѓа во регионот Приморје. Медиуми јавија дека несреќата се случила откако возачот се пожалил дека не му е добро. Приморје е на границата со Кина.
