Државна матура ќе полагаат 15.553 ученици
„Забележливо е дека речиси имаме изедначување на бројот на кандидати од гимназиите и од средните стручни училишта, што е и тенденција – да се зголемува бројот на кандидати за испитите од средното стручно образование“, изјави за МИА Лидија Ѓошевска, директор на Државниот испитен центар
Тестовите за државна матура ќе се одвиваат од 1 до 13 јуни. За нивно спроведување се ангажирани 2388 наставници-тестатори и 200 набљудувачи од Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар и од Бирото за развој на образованието.
