Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2019

Тачи: Полициската операција е за доброто на сите граѓани на Косово

0
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска порача дека операцијата на полицијата во северно Косово е за доброто на сите граѓани и ја повика српската заедница да остане смирена и да ја поддржи борбата против организираниот криминал. Според него, институциите на редот и законот имаат потреба од доверба и максимална поддршка на целото општество во борбата против организираниот криминал, шверцот и корупцијата во Косово.


„Во втората деценија на Република Косово нема да има место за организиран криминал и тие кои се бават со незаконски активности ќе завршат зад решетки. Денешната операција на полицијата во северно Косово е за доброто на сите граѓани, независно од нивната припадност и ја повикувам српската заедница на север да остане смирена и да ја поддржи борбата против организираниот криминал. Јакнењето на редот и мирот е од животно значење за еднаквоста на сите граѓани и го забрзува нашето движење кон процесите на евроатлантските интеграции“, напиша Тачи на Фејсбук.


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *