Бектеши: Неделава средба на Заев и Ахмети за кадровските промени
„Преговорите течат, но повеќе станува збор за споделување на меѓусебни мислења во кои ресори треба да има подобрување или зајакнување на капацитетите“, истакна Бектеши на паузата на завршната конференција на ИПА – Проектот „Техничка поддршка за развој на политиките за заштита на потрошувачите“.
Тој верува дека сите промени ќе бидат во духот на зајакнување на капацитетите на институциите за да испорачаат што подобри резултати кои ќе бидат во корист на граѓаните, но и за да се додаде нова позитивна енергија во некој ресор во кој во минатото немале добри резултати.
